за

SEAT со историски рекорд во минатата година

В година стартува и продажбата на компактниот кросовер на база на 20V20

Seat лани остварил промет од 7,5 милијарди евра, што е историски рекорд во работата на шпанската марка. Најголемиот поттик доаѓа од одличната продажба на моделското семејство на Leon.

Зголемената продажба на Seat во минатата година донесе историски рекорд во прометот на шпанската марка од 7,5 милијарди евра, односно близу 16 проценти повеќе отколку во 2013 година. Соодветно на тоа се намалил и негативниот резултат во оперативната добивка на Seat, кој со 66 милиони евра е за 56% понизок во споредба со 2013 година.

Моделското семејство на Leon е најзаслужно за зголемувањето на продажбата, особео на клучните пазари како Германија, Шпанија, Велика Британија и Централна Европа. Лани компактниот модел на Seat се продал во 154.000 примероци, што е за 50 проценти повеќе отколку преклани. Leon за првпат е најпродаван модел на шпанската марка, пред Ibiza. Голем успех беше и лансирањето на првиот комби модел во компакт класата, Leon ST, со преку 47.000 продадени примероци. Seat лани продал за 10 проценти повеќе возила, односно 390.500 примероци од своите модели.

seat delovnaПроизводството на Audi Q3 во Марторел придонесува за добриот деловен резултат

За нагорниот тренд на шпанската марка придонесе и производството на Audi Q3 во фабриката во Марторел, којшто е најпродаван модел во премиум сегментот во минатата година. Вклучувајќи го престижниот теренец на Audi, во Марторел лани се произвеле 442.677 возила, односно 13,5 проценти повеќе отколку во 2013 година, што е најголема бројка во последните дванаесет години.

Зголемената продажба во првите два месеца од годинава на пазарите во Шпанија, Италија, Велика Британија, Централна Европа и Мексико, му донесоа на Seat зголемување во продажбата од 7,5 проценти. За следната година се најавува воведувањето на следниот стратешки модел на Seat, компактниот кросовер на база на концептот 20V20, којшто во сериската верзија ќе биде претставен повторно на салонот во Женева.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

SEAT ќе вработи нови 100 инженери годинава

Mini Cooper го спасува светот во новата комедија „Пикселс“