за

Seat се трка со својата историја

Кога марката е во подем, и историјата сé повеќе добива на значење. Во последниве години, Seat сé почесто се повикува на своите историски модели. Истото ќе се случува и од 12-ти до 14-ти април на патеката Каталуња, каде што шпанската марка ќе парадира во рамките на Духот на Монжуик, како што се нарекува овој значаен настан за познавачите на историјата на автомобилите.

Во оваа година Seat има за одбележување дури седум јубилеи, по еден за секоја декада на шпанската марка. Меѓу историските возила ќе биде елегантниот и луксузен Seat 1400, прв автомобил на марката, покрај наследникот Seat 1500 и Seat 132, како прв модел со автоматски менувач.

Seat 600 се појави кон крајот на 1950-те, во екот на економскиот бум и придонесе за масовна моторизација на Шпанија
Seat 600 се појави кон крајот на 1950-те, во екот на економскиот бум и придонесе за масовна моторизација на Шпанија

Четири возила не смее да отсуствуваат. Меѓу нив е Seat Ronda, од 1983 година, втората генерација на Ibiza, која годинава одбележува дваесет години и која во 1993 година беше прв модел произведен во Марторел, покрај Барселона. Пред посетителите ќе се појави и Cordoba II, исто како и легендарниот Seat 600, кој во 1957 година се појави како социјален феномен и го одбележа почетокот на асовната моторизација во Шпанија во екот на економскиот растеж во 1960-те години. За само една година, продукцијаа на Seat 600 се зголеми шестпати. Лиценцниот модел на Fiat 600 се произведуваше до 1973 година, во вкупна серија од 800.000 примероци.

Espiritu-de-Montjuc-SEAT-2

Поврзувањето на историјата со сегашноста ќе биде задача на Seat SC, последниот модел на Шпанците, за прв пат со три врати. Стартот на европската продажба на новата верзија на Leon е во мај. Дел од историјата на шпанската марка се тркачките возила. Ентузијастите ќе имаат можност да ги видат одблизу Leon TDI WTCC, шампион од 2008 и 2009 година, Toledo WTCC и Toledo GT, шпански шампион од 2003, исто како и двете верзии на Leon Supercopa, едната победник на 24 часовната трка во Барцелона.

Круна на настанот ќе биде парадата на историските автомобили на Seat на патеката Каталуња. Се најавува присуство и на важни личности од историјата на марката, меѓу кои и возачот Жорди Хене.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Cayenne со свежа лутина

Норвешка е кралство на погонот на струја