за

Seat ги поврзува во мрежа автомобилот и сопственикот

Преку заедничка апликација на Seat и Accenture, возачот ќе може да ги вклучува уредите во домот, да повика сервисна служба или од домашната фотелја да дознае уште колку гориво има во возилото.

Шпанската марка, на домашен терен на саемот за мобилна технологија во Барселона, претстави студија за тоа како автомобилите ќе функционираат кога ќе се поврзат во мрежа. Во соработка со специјалистот Accenture е развиена апликација за вмрежување меѓу возачот и неговиот автомобил. Апликацијата овозможува управување со уредите од домаќинството директно од возилото, го известува возачот за статусот на возилото, го следи неговиот начин на возење и му дава препораки за зголемување на штедливоста во возењето.

Корисниците ќе можат преку апликацијата оддалеку да достапат до информациите што обично се прикажуваат на патниот компјутер, како и до останатите информации за возилото, како на пример, колку гориво има во резервоарот или колкаво е нивото на масло во моторот, без потреба да бидат во или блиску до возилото.

Вмрежувањето овозможува и прикажување на најразлични предупредувања или дефекти на одредени компоненти од возилото. Заедно со тоа следува и совет за начинот на кој може да се отстрани проблемот. Постои можност и сервисната служба да се повика директно преку апликацијата, со наведување и пренесување на податоците за проблемот и за местото на кое што се наоѓа возилото.

Дилерите и сервисните работилници исто така ќе можат да ја користат апликацијата, за сопственикот да го известат дека претстои замена на некој од потрошните делови во возилото или редовното сервисирање. Притоа, на телефонот на сопственикот на возилото директно ќе му се прикаже и цената за сервисирањето и за деловите. На крај, возачот ќе може да резервира термин за сервисирање преку апликацијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Благо-лута верзија на AMG се приклучува во гамата на Mercedes C-Class

McLaren 570GT за тркачи на долги патеки со багаж