119
82 shares, 119 points

Идните електрични автомобили ќе се разликуваат од нивните современици со конвенционален погон единствено во тоа што место мотор со внатрешно согорување, во нив ќе работи еден или повеќе електромотори, и ќе имаат тешка батерија под задната клупа? Револуцијата што претстои, носи многу поголеми промени од тоа.

Добавувачот Schaeffler, којшто се вбројува меѓу водечките „снабдувачи“ со компоненти на фабриките на автомобилските марки, разви модул на тркало, којшто ја прикажува техниката што ќе се користи во следната генерација електрични автомобили.

Концептот е премногу сложен да се објасни накусо, но тоа би изгледало приближно вака: Во Schaeffler Mover се интегрирани електромоторот, амортизерот, пружината, „вилушката“ и управувањето. Во споредба со постоечката техника, нема погонска оска, хомокинетски зглоб, комплициран систем за водење на тркалото, запчеста летва за управувањето, „спони“…

Повеќето од „класичните“ компоненти се заменуваат со електрика и електроника; конструкторите ја препознаваат големата револуција што ја носи овој модул

Сите делови од погонот и од подвозјето се интегрирани во целина со компактни димензии. Возилата во коишто ќе се вградува модулот можат речиси безгранично да варираат во должина и ширина, како и во просторноста на кабината. Schaeffler уште годинава ќе изработи прототип со иновативниот модул, како комплетно автономно возило. Освен во „робо такси“, техниката може да се користи и за доставни возила, нејзината флексибилност е огромна.

schaeffler elektricno trkalo

Градовите растат, до 2050 година, две третини од светската полулација ќе живее во милонски метрополи. Последиците од масовниот сообраќај се чувствуваат веќе денес, Скопје може да послужи како светски пример за град што се има изгубено во својот „развој“. Овие појави повлекуваат и соодветни промени во начинот на којшто луѓето и стоката се движат низ градот. Решение се автономни возила со електричен погон, односно роботски такси возила, со коишто се надополнува јавниот градски превоз.

Во сценаријата за иднината, луѓето воопшто нема да го користат сопствениот автомобил за движење низ градот, туку преку апликација ќе повикуваат автономни минибуси со погон на струја, коишто ќе пристигаат точно до нивната локација

Управувањето со модулот го презема електромеханички систем steer-by-wire. Еден од специјалитетите е завртувањето на тркалото за 90°. На тој начин, возилото може да се паркира попречно, и воопшто, да изведува маневри што се незамисливи со постоечката техника. Протитипот на Schaeffler ќе може да сврти на само пет метри, а како посебна атракција може и да изротира во место.

Електромоторот во модулот е усовршена варијанта на решението што добавувачот го претстави за првпат уште во 2013 година. Станува збор за електромотор со работен напон од 300 волти, трајна моќност од 13 киловати, односно околу 18 КС. Краткотрајната моќност изнесува 25 киловати. Импресивен е вртежниот момент од 250 њутнметри, кој при краткотрајно оптоварување може да се зголеми двојно.

schaeffler mover 2

Со по еден модул на „електрично тркало“ во сите четири краеви на возилото, нема потреба ниту од класичен ЕЅР или варирање во распределбата на вртежниот момент меѓу тркалата тоа што кусо го нарекуваме torque vectoring. Овие функции ги презема интелигентен софтвер, кој дополнително се грижи и за управувањето на сите тркала.

Преку интеграцијата на сите компоненти од погонот и од подвозјето се постигнува и огромна заштеда во простор. Schaeffler посочува на можноста за едноставно варирање на димензиите на возилата што ќе се базираат на „електричното тркало“.

Добавувачите сé повеќе ја преземаат работата на развојните одделенија на автомобилските куќи. Тие практично им ја сервираат новата техника на производителите на автомобили, кои го раководат натамошниот развој на возилото врз основа на иновативните модули што ги испорачуваат добавувачите. Тоа не значи друго освен: Фабриките за автомобили уште повеќе ќе се претвораат во погони за завршна монтажа.

Renault развива нова батериска техника за 2025 година

Кои се добавувачите на компоненти за: Opel Insignia

Volkswagen ја раскина соработката со босанскиот добавувач

Овие десет добавувачи се вистинските производители на автомобили

Хрватскиот Rimac меѓу добавувачите за хиперавтомобилот на Aston Martin


Like it? Share with your friends!

119
82 shares, 119 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730