Течниот метан се шири со фантастична брзина меѓу комерцијалните возила. Резервоарите се со разумна големина, користа за животната средина е повеќекратна. Комфорот, исто така профитира. Scania на салонот во Хановер ќе го претстави првиот туристички автобус што користи „смрзнат“ метан
Како светска премиера на Scania, на салонот на товарни возила ИАА во Хановер (од 20-ти до 27-ми септември) ќе биде претставен првиот туристички автобус што користи алтернативно гориво. Interlink MD LNG работи на течен гас (LNG) и постигнува досег до 1.000 километри.
При согорувањето на течниот природен гас (Liquefied Natural Gas) се ослободува значително намалена количина на азотни оксиди и честички гареж, а во исто време емисијата на стакленичкиот гас СО2 се намалува петкратно.
Вообичаено за погонот на метан, работата на моторот станува осетно потивка. Некои држави штотуку воведуваат течен биогас во своите мрежи за дистрибуција на горива, со цел емисијата на СО2 да ја смалат за 90 проценти.
Камиони со погон на метан на проба во супермаркетите Aldi