за

Scala и Kamiq први модели на Skoda со безжична врска со мобилен

SKODA_Connect_Wireless_Smartlink
SKODA_Connect_Wireless_Smartlink

Новите Skoda Scala и Kamiq добиваат можност за безжично поврзување со паметен телефон. Тоа се први модели на чешката марка со Wireless Smart, за полесно користење на Apple CarPlay или Android Auto. Во комбинација со индуктивно полнење и безжична врска со антената на возилото се постигнува целосно користење на паметниот телефон без физичка врска со возилото.

Во моделите на Skoda, телефонот досега мораше да се поврзува со USB-кабел, за да се користи SmartLink, односно апликациите да се прикажуваат на дисплејот на инфо-забавниот систем и да се ракува со ситите. Со доплата за Wireless SmartLink во новите Scala и Kamiq се олеснува поврзувањето и користењето на апликациите од мобилниот телефон.

Врската функцонира на вообичаениот начин. Возачот прво мора да воспостави врска меѓу телефонот и инфо-забавниот систем, преку блутут. Натаму, телефонот ќе се поврзува автоматски преку Wireless SmartLink, при секое влегување на возачот во автомобилот, доколку е вклучен блутут.

Податоците од телефонот се префрлуваат преку Wi-Fi. Кога телефонот ќе се остави врз опционалниот Phone Box при влегување во возилото, тој се поврзува со инфо-забавниот систем, како и со надворешната антена, со цел да се обезбеди најдобар можен прием и безжично полнење во исто време.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GLE Coupe 2019

Теренец од E-Class, па уште и купе: Mercedes GLE Coupe

mercedes cla, #govidovmercedescla

Mercedes со најмногу славче-таневски-дизајн во Мак Аутостар: CLA како атракција