за

По нападите врз саудиските капацитети се очекува поскапување на нафтата

По нападите врз саудиските капацитети се очекува поскапување на нафтата
По нападите врз саудиските капацитети се очекува поскапување на нафтата

По нападите врз најголемите нафтени капацитети во Саудиска Арабија, земјата драстично ја смали експлоатацијата на нафта. Тоа неминовно ќе доведе до поголем раст на цените на горивата.

По вчерашните напади врз постројките на државниот концерн Aramco во Абкаик и Кураис во источниот дел од Саудиска Арабија избувнаа пожари. На овие две локации се наоѓаат најголемите постројки за преработка на нафта на саудискиот енергетски концерн Aramco, како и едно од главните нафтени полиња.

Aramco привремено ја прекина експлоатација на нафта на двете локации. Според информациите од саудиарабиското министерство за енергија, погодена е половина од вкупната продукција на концернот. Тоа се околу 5,7 милиони барели сирова нафта дневно. Саудиска Арабија е најголем извозник на нафта во светот. Стопираната продукција одговара на околу пет проценти од светската побарувачка на нафта.

Според пазарните законитости е неизбежно да дојде до зголемување на цените на нафтата

Цените се одредуваат во зависност од понудата и побарувачката. При драстично смалување на понудата, при исто ниво на побарувачка, пазарите реагираат со зголемување на цените. Тоа е неизбежно кај сировата нафта.

Експертите уште не можат конкретно да посочат колкаво ќе биде зголемувањето на цените. Тоа зависи меѓу другото од времетраењето на поправката на постројките. Постои голема неизвесност и околу тоа дали Саудиска Арабија може да продолжи да одржува стабилност во извозот на нафта. За тоа да се случи, земјата ќе мора да посегне по своите стратешки резерви.

Американското министерство за енергија е подготвено да ги ослободи нафтените резерви

Сепак постојат позитивни знаци, дека е можно да се избегне прекумерен раст на цените на нафтата. САД исто така се подготвени да ги ослободат своите нафтени резерви во случај да се појави тесно грло во снабдувањето на пазарот. Стратешките резерви на САД изнесуваат 630 милиони барели. Грубо пресметано, тоа значи дека од овие резерви би можело 110 денови да се покрива недостигот од експлоатација на нафта во Саудиска Арабија, додека земјата не ги поправи штетите.

Меѓународната агенција за енергија во Париз исто така се обидува да спречи масовна паника. Моментно не постојат проблеми со снабдувањето, односно пазарите се снабдени добро. Ситуацијата во Саудиска Арабија се следи будно.

https://twitter.com/SPQR73844943/status/1173244105306116097

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

протести салон франкфурт

Салонот во Франкфурт блокиран од активисти за почиста животна средина

Најпродавани електрични автомобили во Европа во февруари

Дизелот спадна на 31%, електричните со двојно зголемување