174
23 shares, 174 points

Samsung Electronics моментно остварува годишен профит од 5 милијарди долари во автомобилската индустрија. До 2025 година, профитот може да порасне четирипати. За тоа да се постигне, големи средства ќе се вложуваат во технологијата за автономно возење. Samsung ќе се обиде да постави стандард за оваа техника.

Корејскиот гигант Samsung Electronics смета дека е вистинско време за вложување во електричен погон, конективност и технологија за автономно возење. Овие инвестиции може да донесат четирикратно зголемување на профитот до 2025 година. Компанијата моментно заработува пет милијарди долари од продажбата во автомобилскиот сектор. Тоа е незначително во споредба со двестоте милијарди долари профит што компанијата ги остварува годишно во сите подрачја на активност, вклучувајќи меѓу другото паметни телефони, бела техника и забавна електроника.

Актуелната техника за автономно возење од ниво 3 чини околу 2.500 долари по возило

Во секое возило со автономна технологија од ниво 3 се потребни сензори, електроника и софтвер во вредност од 2.500 долари. Како што технологијата напредува, паралелно ќе расте и електричната архитектура. Но, постојат граници, еден ден ќе мора да се смени целиот систем. Според Јунг Сон, претседател и главен стратег на Samsung Electronics, тоа е исто како да се промени целата водоводна инсталација во објект. Постоечките автомобили со автономна технологија од ниво 3 обработуваат околу стотици мегабајти информации во секунда, а во следното ниво се работи за гигабајти и терабајти информации. „Кога податоците ќе се зголемат 100.000 пати, тогаш мора да се смени водоводот“, објаснува Сон.

Роботски автобуси на редовна линија во Хелсинки

Samsung неодамна стана сопственик на Harman, што ја чинеше компанијата 8 милијарди долари. Моментно се работи на развој на технологија за автономно возење со експерти од Delphi, во што се вложуваат уште 80 милијарди долари.

Samsung планира да развиен техника што ќе се користи како стандард за автономното возење

Сон предвидува дека Samsung веќе во 2021 година ќе понуди платформа за автономно возење, којашто ќе се користи како стандард во целата автоиндустрија. Производителите на автомобили и компаниите од други сектори ќе имаат можност да ја приспособуваат и усовршуваат оваа платформа. На салонот во Франкфурт есеноска, Samsung прикажа прототип за автономно возење, како усовршена верзија на техниката што се вградува во новиот Audi A8. Тоа ќе биде основа за платформата што Samsung сака да ја понуди како стандард.

Јунг Сон цени дека автомобилската индустрија во моментов се наоѓа во иста ситуација како ИТ-секторот пред дваесет години, кога се случи комплетна трансформација.

Дотогаш сите компании нудеа сопствени решенија, додека денес се нудат стандардизирани услуги преку „облак“, кои можат да ги користат сите без потреба да се грижат околу компатибилноста.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

174
23 shares, 174 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743