за

Самовозечки минибуси за студентите во Франкфурт

самовозечки минибуси франкфурт

Студентите на Универзитетот за применети науки во Франкфурт во следните три денови ќе можат да се превезуваат од еден до друг објект во универзитетскиот кампус со самовозечки минибуси. Во возилото ќе биде присутен техничар, којшто ќе ја надгледува работата на технологијата за автономно возење и по потреба ќе интервенира. Неговата функција сепак е патниците да се чувствуваат сигурно.

По возењето, патниците ќе ги кажуваат своите впечатоци и мислења за технологијата за којашто е сосема извесно дека ќе биде дел од сообраќајното секојдневие во многу блиска иднина. Управувањето на возилата од вештачка интелигенција и електричниот погон се изучуваат на Универзитетот, во стручната насока „Нова мобилност“. Останатите полиња на истражување се демографски промени, обновлива енергија, мобилност и логистика.

Автономно возило на Uber усмрти пешак во Аризона

Samsung очекува 20 милијарди долари профит од роботските автомобили

Роботски минибус како такси на иднината

Роботски автобуси на редовна линија во Хелсинки

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nissan fabrika solar baterii

Фабрика во Јапонија работи на сонце и на батерии

Opel GT 50 godini

Opel GT спортуваше уште пред Manta и Calibra