137
18 shares, 137 points

Салонот на автомобили во Женева, првиот поголем и позначаен собир на браншата, ценет и како неутрален терен за производителите на автомобили, нема да се одржи в година.

Фондацијата што го организира меѓународниот салон на автомобили, реши во 2021 година да не се одржи „Geneva International Motor Show“ (GIMS). Место тоа, советот на фондацијата препорачал правата за одржување на настанот да му се продадат на изложбениот и конгресен центар Палекспо во Женева. Големиот автомобилски собир досега се одржуваше во саемскиот простор на Палекспо со површина од 100.000 метри квадратни, секоја година во првите денови од март.

GIMS пролетоска беше меѓу првите манифестации што се откажаа поради пандемијата. Веднаш потоа, фондацијата побара финансиска помош од кантонот Женева, за покривање на загубите поради неодржувањето на салонот. Тие се проценуваа на 11 милиони швајцарски франци. Во почетокот на јуни, Кантонот одобри кредит во висина од 16,8 милиони швајцарски франци. Фондацијата сепак процени дека нема финансиска исплатливост за следното издание на салонот да се одржи во 2021 година. Анкетата спроведена меѓу потенцијалните изложувачи покажала дека главнината е следното издание на салонот да се одржи дури во 2022 година.

Женевскиот автосалон беше најголем јавен настан во Швајцарија со 600.000 посетители и околу 10.000 медиумски претставници. Економската корист за регионот проценува на 200 милиони швајцарски франци, односно околу 190 милиони евра.

>>> Салонот во Женева откажан, Швајцарија поради корона забранува собири


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
18 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *