166
21 shares, 166 points

Меѓу посебните доживувања што се достапни на големите салони на автомобили секако дека спаѓа и можноста за пробно возење на моделите кои доживуваат премиера на салонот. Тоа најмногу важи за ИАА во Франкфурт.

Посетителите на ИАА во Франкфурт, најважниот салон на автомобили во Европа годинава (секоја година се заменува со Париз), ќе можат директно да ги видат и да седнат во моделите што тука првпат се појавуваат пред светот. Но, салонското доживување може да биде уште повредно. На отвореното паркиралиште E10, секој ден меѓу 9 и 19 часот ќе може да се направи пробно возење на автомобилите кои се главни под рефлекторите на салонот.

На располагање годинава (од 12-ти до 22-ри септември) ќе има вкупно 72 модели од 13 марки, вклучувајќи хибриди и плагин хибриди, електрични возила, автомобили со погон на водород, а секако и актуелни модели со класичен погон.

Возниот парк се состои од просторни семејни автомобили и малечки градски модели, комби-изведби и големи СУВ модели:

  • Artega Karolino
  • Beijing Horizon
  • BMW i3
  • Dacia Duster
  • Ford Mondeo Hybrid
  • Ford Explorer
  • Honda CR-V Hybrid
  • Honda Civic Type R
  • Honda Civic Limousine
  • Hyundai i30
  • Hyundai Kona HEV
  • Hyundai Kona EV
  • Hyundai Nexo
  • Hyundai Ioniq PHEV
  • Hyundai Ioniq EV
  • Hyundai Santa Fe
  • Hyundai Tuscon
  • Jaguar I-Pace
  • Kia ProCeed
  • Kia Sportage
  • Kia Stinger
  • Kia Xceed
  • Renault Zoe
  • Tesla Model 3
  • Volkswagen e-Golf
  • .. и многу други.

Пробната тура може да се изведе низ франкфуртскиот сообраќај или на автопат. Камерата во возилото го прикажува возењето директно на големо пано пред публиката присутна на паркиралиштето Е10.

Операторот со брзи полначи за струја Ionity ќе го демонстрира брзото полнење на батериите на електричните автомобили со четири полначи што ќе бидат поставени во кругот на салонските хали. Автоматско паркирање ќе прикажат CraxyWorX / Panasonic Automotive и Wipro во моделите на Mercedes, Toyota и Волво.

Посебни подрачја се посветени на електричните велосипеди, на автономното возење – меѓу другото роботски минибус ќе се движи постојано околу салонските хали – додека љубителите на теренското возење ќе можат да ги искусат предизвиците на посебно подготвен терен курс во рамките на самиот салон.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
21 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *