за

Преполовен бројот на посетители на салонот во Франкфурт

Преполовен бројот на посетители на салонот во Франкфурт
Преполовен бројот на посетители на салонот во Франкфурт

Годинава значително е намален бројот на посетители на салонот на автомобили во Франкфурт во споредба со неговото последно издание пред две години. Според организаторот, тоа се должи на помалиот број на изложувачи.

Салонот на автомобили ИАА во Франкфурт годинава привлече значително помалку посетители. Здружението на автомобилската индустрија, коешто е организатор на салонот, соопшти дека важниот настан на автомобилската сцена го посетите 560.000 лица. Последното издание на салонот пред две години, привлече 810.000 посетители, додека на салонот ИАА во 2015 година беа регистрирани дури 932.000 лица во халите на франкфуртското сајмиште.

Претседателот на здружението, Бернард Матес, цени дека драстичното опаѓање на посетеноста е резултат на отсуството на важни производители на автомобили од Јапонија, САД, Франција и Италија. Бројот на изложувачи е смален од близу 1.000 на 838 фирми.

Здружението на германската автоиндустрија бара нов концепт за ИАА

Дебатата околу заштитата на климата дополнително ги притиска производителите и нивните добавувачи. Во првиот ден од одржувањето на салонот, заштитници на животната средина и активисти за светската клима со часови го блокираа главниот влез на сајмиштето.

Неизвесно е дали ИАА по две години повторно ќе се одржува во Франкфурт. Се дискутира околу нов концепт на салонот, со менување на локациите. До крајот на годинава ќе биде познато каде ќе се одржува следното издание. Претседателот на здружението Матес воедно објави дека се повлекува од позицијата.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla prodazba istocna evropa

Tesla в година стартува официјално во Хрватска и Србија

rolls-royce 103 EX vrakanje

Футуристичкиот Rolls-Royce повторно дома по четиригодишна светска тура