за

Салонот во Франкфурт во 2021 година ќе се одржува во цел град

Салонот во Франкфурт во 2021 година ќе се одржува во цел град
Салонот во Франкфурт во 2021 година ќе се одржува во цел град

Во почетокот на следната година ќе биде познато каде ќе се одржува следното издание на салонот на автомобили ИАА во 2021 година. Постојат предлози салонот да не се одржува во саемски хали, туку да се примени сосем нов пристап.

Решението за идната локација на којашто ќе се одржува салонот на автомобили ИАА ќе биде донесено во почетокот на следната година. Тоа го соопштија од Здружението на германските производители на автомобили, по преговорите со градоначалникот на Франкфурт и концесионерот на градското сајмиште. Од Здружението наведуваат дека Франкфурт останува кандидат за избор за локација, но се проверуваат и другите интересни можности кои ги предлагаат останатите градови во Германија.

Пред да се реши локацијата, ќе се разгледуваат идеите околу новиот концепт на салонот. Се очекува тоа да се случи во почетокот на 2020 година. Конечното решение зависи и од тоа колку градовите што се земаат во предвид ќе бидат подготвени да го организираат одржувањето на салонот според принципите на одржливоста на животната средина.

Еден од предлозите од Градот Франкфурт е салонот ИАА повеќе да не се одржува во саемските хали, туку истиот да биде организиран на територијата на целиот град, со цел да се прикаже функционирањето на модерна, урбана и одржлива сообраќајна мрежа.

Салонот ИАА (кусо од Internationale Automobil Ausstellung или меѓународна автомобилска изложба) се одржува во Франкфурт од 1951 година. Последното издание во септември беше проследено со масовни протести од активисти за заштита на животната средина. Се намали и бројот на посетители. Договорот со франкфуртското сајмиште истекува на крајот на годинава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

harley davidson LiveWire

Harley-Davidson нема среќа со електричниот мотоцикл

мерење на загаденост воздух

Германски еколози мереа загадување во Србија и Бугарија, во Македонија не се ниту обидоа