134
31 shares, 134 points

Автомобилите што се изложени на салонот во Лос Анџелес изгледаат мошне приземно. Нема спектакуларни ветувања околу електричниот погон или возењето со автопилот, туку има првенствено автомобили со кои посетителите може директно да се одвезат од салонот. Но, тоа не ги разочарува електро-фановите. Напротив, возилата со погон на струја веќе се реалност во уличната слика. Сепак, тие не се реалност колку што се традициналните американски снагатори.

Лос Анџелес не е само град на Холивуд и втора најголема американска метропола по Њујорк, туку и место од кадешто во минатото произлегувале многубројни закони, кои доведоа до глобални промени во производството на автомобили. Така, без борбата против смогот во Лос Анџелес, светот уште долго време ќе чекаше да се воведат катализаторите во автомобилите. Без калифорниските политичари, кои први го загризаа јаболкото на електрификацијата, автомобилите како Toyota Prius или Tesla ќе останеа само фусноти во автомобилската историја.

Салонот на автомобили во Лос Анџелес ќе ги пречекува љубителите на автомобилите до 9-ти декември. Но, кој очекуваше дека на годинашната „изложба“ на големите производители во Калифорнија ќе доминираат возилата на струја како никогаш досега, се мами. Најголемиот број модели кои доживуваат премиера или го прославуваат своето постоење на Л.А. Ауто Шоу 2018, користат обични мотори со внатрешно согорување, и тоа од највисоките категории на моќност.

Porsche 911 ја има најважната премиера на салонот во Лос Анџелес

Новитети воопшто не недостигаат во Конвенцискиот центар на Лос Анџелес. Светската премиера на осмата генерација на Porsche 911, на пример, е настан од историско значење. Вообичаено, моќноста на спортското купе порасна, внатрешноста стана уште попрефинета, а и возењето би требало да биде покомфорно. Дизајнерите многу поверно ги пренесуваат стилските белези од раните генерации на „единаесетката“, како во каросеријата, така и во кабината.

Porsche 911 Carrera 4S (992)

Volkswagen ја прикажува студијата на доставно возило со електричен погон ID Buzz Cargo, којашто остана прилично незабележана на септемврискиот салон на товарни возила во Хановер. Публиката сепак е повеќе засегната околу разделбата со „бубата“. Во Лос Анџелес е претставена „последната серија“.

Volkswagen стартува со електричните модели прво во Европа, а една година подоцна во САД

Електричната офанзива на Volkswagen почнува в година, со комбилимузинскиот модел ID Neo. Најмалку една година ќе мине додека моделот стартува со продажба и од другата страна на океанот. Во меѓувреме, како следни новитети за американските возачи се најавени спортска верзија Jetta GLi, нова генерација на Passat за тамошниот пазар – врз база на старата платрформа PQ46 – како и скусена изведба од теренецот Atlas.

Германците се присутни во комплетна постава на калифорнискиот салон. Mercedes покажува мускули, со вториот фејслифт на суперспортскиот AMG GT, кој носи неколку освежувања во техниката и во стилот. Новата врвна изведба AMG GT R Pro практично е тркачки автомобил.

BMW на салонот е целосно посветен на северноамериканските премиери на големиот теренец X7, родстерот Z4 и на престижните купе и кабриолет изведби од серијата 8. Сето тоа е крунисано со студијата i-Next, со којашто баварците ја прикажуваат својата визија за електричен автомобил со технологија за автономно возење.

Audi e-tron GT concept

Повеќе возбуда има на штандот на конкурентот Audi, каде што студијата е-Tron GT најавува продолжение на штотуку започнатото електрично поглавје со теренецот e-Tron. Автомобилот изгледа фантастично, а целиот концепт е насочен како одговор на Tesla Model S. Погонот е задача на двата електромотора, кои заедно произведуваат моќност од 590 КС. Серискиот модел се развива заедно со Porsche. Спортскиот гран-туризмо е воедно и најголеот придонес на тема електромобилност на салонот во Калифорнија.

Новодојденецот Rivian сега го ветува истото што до неодамна го правеше и Faraday Future

Стартап-компаниите станаа редовен дел од големите автомобилски собири. Марка со име Rivian прикажа пикап и СУВ-модел со впечатлива кутиеста форма и со електричен погон, за коишто идниот производител тврди дека се подготвени за сериско производство. Моделите на Rivian треба да започнат со производство по 2020 година, во некогашната фабрика на Diamond Star Motors. Се ветуваат перформанси на ниво на суперспортски автомобил и врвна технологија за автономно возење. Најголемата предност треба да е во цената. Пикапот би чинел 60.000 евра, додека теренецот ќе чини околу 1.000 евра повеќе. Државните субвенции за електромобилност се добиени и Rivian веќе прима и нарачки за своите модели.

Rivian R1S SUV

Голема е неизвеноста дали Rivian ќе доживее подобра судбина од фирмата Faraday Future. Кинеско-американскиот стартап со седиште во Лос Анџелес беше најавуван како голема сензација, но последната вест е дека фирмата наскоро ќе ги затвори своите врати.

Кај Tesla нема моделски новитети, но пионерот на електричниот погон веќе одамна ги заврши своите „домашни задачи“. Tesla Model 3 во меѓувреме се произведува во планираниот обем, продажбата на американскиот пазар веќе има надминато 100.000 примероци годинава.

Дизајнерското биро Icona прикажува визија којашто доаѓа од далечната иднина. Фирмата се докажа како вреден партнер за кинеските и интернационалните клиенти и моментно гради центар во Калифорнија. Основачот Терезио Гиџи Гаудио, поранешен директор на Aprilia и Stilo Bertone, лично ги пречекува посетителите на штандот. Студијата Icona прикажува како ќе изгледа луксузната варијанта на автономното возење во иднина. Во Лос Анџелес е присутен и Byton, кој очигледно вложил многу во презентацијата на двата идни модела со електричен погон.

Jeep најавува „гладијаторска“ борба во сегментот на пикапите – само за шоу, таму сепак царува Ford F-Series

Големата детроитска тројка игра на сигурна карта. Fiat Chrysler го донесе Jeep Gladiator, како пикап-изведба врз основа на теренската икона Wrangler. Кај Lincoln, престижната марка на Ford, главното место на штандот е резервирано за луксузно опремениот и симпатично дизајнираниот СУВ со име Aviator.

Jeep Gladiator

General Motors нема големи најави. На салонот повеќе се зборува за иднината на премиум марката Cadillac, за којашто до пред само неколку месеци се најавуваа многу оптимистички планови. Откако директорката на GM, Мери Бара, го смени Јохан де Нисхен од шефовското место во Cadillac, стопирани се спортските модели од серијата V, откажани се дизел моторите и укинати се иновативните услуги „Book by Cadillac“. Последно, марката ќе се пресели од Њујорк во предградие во Детроит. Конкуренцијата може спокојно.

Во уличната слика се враќаат големите лимузини со моќни осумцилиндарци

Убави новитети има кај азиските марки. Mazda првпат ја прикажува новата генерација на компактот Mazda 3, Kia исто така има премиера на дизајнерскиот кросовер Soul (кој во Европа ќе се продава само во електричната верзија), додека Hyundai прикажува голем СУВ под моделското име Palisade, со 3,-литарски мотор V6.

Dodge Challenger

По улиците и патиштата околу Лос Анџелес е незначителен бројот на електрични возила. Тоа што доминира во уличната слика е старата традиција на Американците. Еден од најпопуларните автомобили моментно е „мускулестиот автомобил“ Dodge Charger, којшто се нуди само со големи V6 и V8 мотори. Калифорниските дилери буквално не достасуваат да ја покријат големата побарувачка.

Имајќи го тоа предвид, скромниот удел на возилата со електричен погон на салонот во Лос Анџелес не е отстапување од трендот, туку го одразува вистинскиот дух на купувачите, реалноста.

Диносаурус во ера на андроиди: Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye

Електричниот автомобил што Америка го имаше, но не го сакаше

На салонот во Париз се изложени 43 електрични автомобили

Volvo ги остави колите „дома“ за салонот во Лос Анџелес

Салон Лос Анџелес 2018

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

134
31 shares, 134 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743