172
22 shares, 172 points

Saab требаше да биде исчезнат уште одамна, откако шведскиот производител објави стечај пред седум години. Тоа како да ги поттикна фановите уште повеќе да се грижат околу своите автомобили и околу култот на својата марка. Ниту резервни делови не недостигаат.

Познавачите велат дека „шведскиот челик не рѓосува“. Тоа е неточно, затоа што и докажано квалитетниот шведски челик не е отпорен на корозија. Изреката важи општо за автомобилите од шведската марка Saab Volvo). Некогашната марка. Кај моделската серија 900, на пример, ахилова пета во поглед на корозијата е ламарината во подрачјето на тунелот за погонските вратила. Поправката е скапа и долготрајна.

За илустрација користиме неколку автентични и свежи фотографии од инстаграм. Тие најдобро покажуваат колку е активна сцената на обожуватели на Saab

Но, ова не е која било марка, туку е Saab, марка што има изградено култ. Поточно, обожувателите го имаат изградено. Истиот тој круг обожуватели со години се грижи каросериската ламарина да биде достапна и за постарите генерации на шведските автомобили. Понудата од резервни делови е неверојатно добра, иако марката уште одамна требаше да биде исчезната. Во декември 2011 година, Saab објави стечај, со безрезервна поддршка од тогашниот газда, американскиот General Motors.

Автомобилската историја набројува повеќе од 10.000 марки кои исчезнале порано или подоцна. Некои марки се појавуваат само на собирите на олдтајмери, други веќе никој не ги помни или спомнува

По седум години од стечајот, околу Saab е поактивно одошто кај некои марки што уште се произведуваат. Причината за тоа не е само доброто снабдување со резервни делови, туку е беспрекорното реноме на автомобилите од Тролхетен.

[tie_slideshow] [tie_slide]

Аутомакедонија го увезува Saab за целата територија на поранешна Југославија

Во „југословенско“ време, Македонија го има генералното претставништво на Saab за целата територија на заедничката држава, преку Аутомакедонија. Шведските автомобили во тоа време се дел од Saab-Scania AB, во којашто спаѓа и познатата марка камиони и автобуси, како и авионите на Saab. Производството на автомобили практично е огранок на Svenska Aeroplan AB, односно на компанијата за аеронаутика и одбранбена техника. Во меѓувреме и Scania стана дел од концернот Volkswagen. [/tie_slide] [/tie_slideshow]

Saab отсекогаш се разликувал. Кога Saab 900 се појавил во 1978 година, тој изгледал како да доаѓа од иднината. Наспроти останатите модели во класата, коишто имаат стандардна лимузинска форма, Saab е комбилимузина. Дизајнот на елегантниот крстосувач потсеќа на корените и на сегашноста на името Saab, на авионите.

Иновациите се стандард кај Швеѓаните: Браници што сами се поправаат, бришачи на светлата или активни потпирачи за глава. Особено се работи на безбедноста. Заштитата од страничен судир постои во Saab уште од 1972 година. Но, најголемата разлика е под хаубата. Место шестцилиндарец што е вообичаен во класата, „900“ поседува четирицилиндарец – со турбонатполнење. Тоа што индустријата го практикува во последниве години и се води како „даунсајсинг“, во Saab е практика уште пред речиси половина век.

Само уште Porsche 911 и BMW 2002 tii нудат турбо во тоа време, но тие се продаваат во незначителeн број. Saab е марката што прави техниката да стане достапна за поширок круг купувачи

Фановите на марката и автомобилските ентуизијасти стравуваа од најлошото, кога General Motors го означи крајот за Saab пред седум години. Но, автомобилите уште се возат, и што е уште поважно, се чуваат највнимателно. Тоа важи за класичарите од сериите, 99, 90 и 900, како и за поновите модели 9-3 и 9-5 од ерата на GM. Повеќето сервисни работилници низ Европа уште се активни.

1988 Saab 900i Kat 2-d #saab900 #900i #900 #saab

A post shared by BMW540i6E34 (@bmw540i6e34) on

Saab се автомобили за индивидуалци, прв избор на универзитетски професори, адвокати, лекари, архитекти, практично на сите што не сакаат да возат Mercedes или Porsche. Шведските автомобили се издвојуваат во уличната слика, но не предизвикуваат општа паника како Ferrari или Lamborghini. Возачите на Saab не сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Тука не се штеди: Голем дел од „олдтајмерите“ на Saab развиваат повисока моќност од стандардната верзија, имаат спортско подвозје и широки гуми

Вистинската легенда на шведската марка е серијата Saab 99. Таа се појавува во 1968 година, но предизвикува сензација откако добива турбомотори што се вртат високо. Спортска варијанта на Saab 99 учествува во светското рели. Стиг Бломквист, на Рели Шведска во 1979 година, со Saab 99 Turbo станува прв возач кој победува со автомобил со турбомотор.

#saabnation #saab99 #saab #winter #cold #saabclub_fi #saabclubfinland

A post shared by Mikko Skinnari (@mikko_skinnari) on

Марката е сé освен згасната, а како што изгледа, кругот на обожуватели штотуку почува да расте. Нема разлика дали станува збор за поновите годишта од ерата под General Motors, во коишто на големо се користеше техника од Opel, или за „9000 од средината на 1990-те, кој е развиен заедно со Lancia Thema, Alfa Romeo 164 и Fiat Croma, важно е да биде Saab. Уште поважно: Цените на старите модели уште не го достигнале врвот.

Saab 9-3: Шведскиот кабриолет што беше посилен и од турбото

Швеѓаните не дозволуваат кинеските сопственици да го користат името Saab

Огромен интерес за последните 78 возила на Saab

Поранешни директори на Saab приведени за прикривање данок


Like it? Share with your friends!

172
22 shares, 172 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730