за

Руските фабрики во април произвеле само 30.000 возила

Руските фабрики во април произвеле само 30.000 возила
Руските фабрики во април произвеле само 30.000 возила

Руското производство на автомобили се соочи со драстичен пад поради корона-кризата. Се планираат попусти со коишто ќе се поттикне продажбата на автомобили во земјата, но и тоа е неизвесно, затоа што и платежната моќ е опадната како последица од економската криза.

Автомобилската продукција во Русија се смали за близу 80 проценти поради корона-кризата. Во април од производствените ленти во руските фабрики се симнале само 30.000 возила. Браншата забележa уште поголем пад во август лани, кога во земјата беа продадени 19.000 возила.

Рускиот претседател Владимир Путин, во борбата против пандемијата одреди принуден одмор во времетраење од шест недели. Голем број добавувачи и фабрики го запреа производството. Дури пред десетина денови се вратија во работа производствените капацитети во земјата.

Од јануари до април, Русија произвела околу 335.000 автомобили, што е за 33 проценти помалку во споредба со истиот период лани.

Производителите на камиони и автобуси исто така претрпеа голем пад, иако не во толкава мерка како во секторот на патничките автомобили. Пазарот ќе се заживува преку попусти при купување нови возила.

Руските власти сепак ценат дека народот во земјата располага со помалку средства, како последица од економската криза. Според прогнозите, приходите од економијата ќе се смалат за 3,8 проценти. Пред корона-кризата, експертите дури сметаа и на раст од 1,9 процент.

Невработеноста ќе се зголеми за 5,7 проценти. Претходно се предвидуваа дури десет проценти. Тогаш бројот на невработени во земјата ќе брои девет милиони лица.

Најпродавани модели во Русија до април 2020

New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Kia Rio или најпродаваниот автомобил во Русија, што не е Lada

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

renault zoe vulog

Унгарија издвои 14 мио. € за субвенции за електрични возила

Тротинет од Skoda е добар за имиџ и корисен за секој ден

Тротинет од Skoda е добар за имиџ и корисен за секој ден