за

Топ 25 Најпродавани модели во Русија

lada-vesta-sw-cross
lada-vesta-sw-cross

Рускиот автомобилски пазар и натаму е во опаѓање поради санкциите што беа воведени по анектирањето на Крим. Земјата е голема, месечно се продаваат најмалку 150 илјади нови автомобили, вклучувајќи голем удел на локално произведени модели од странските марки.

Пред десетина години, рускиот автомобилски пазар беше на добар пат да ја престигне Германија, како најголем пазар во Европа и пошироко. Но, се случи финансиската криза, а потоа и воведувањето на санкциите поради анектирањето на Крим. Реалните приходи на Русите се скусуваат, а мали се изгледите дека во видно време ќе се постигне договор со Украина, што би водело кон укинување на санкциите.

Продажбата малку потсопира пред завршетокот на годината, затоа што веќе од јануари 2020, руските власти ја зголемуваат субвенцијата за нови автомобили. Тоа ќе даде нов поттик за продажбата.

Според последните службени статистики, до октомври се продадени вкупно 1.423.449 патнички автомобили и лесни товарни возила во Русија, и тоа е за 2,4 проценти помалку отколку во првите десет месеци од 2018 година. Lada е пазарен лидер, пред Kia и Huyndai. Со масивно локално производство, Toyota е на седмото место на најпродавани марки на рускиот пазар. За премиум марките традиционално нема криза: Mercedes е десетта марка со близу 4.000 возила месечно, веднаш потоа следи BMW.

Toyota Camry Hybrid najava

Големата лимузина Toyota Camry е на 13-то место на најпродавани модели во Русија годинава

Одлично котира и Lexus, со 17.537 возила за десет месеци, а пријатно изненадување носи и премиум СУВ-марката на кинескиот Great Wall, Haval, со 8.538 продадени возила и раст во продажбата од 289 проценти во споредба со лани.

Топ 25 Најпродавани модели на рускиот пазар

(во периодот од јануари до октомври)

#
Марка и модел
Примероци (2019)
Примероци (2018)

1

Lada Granta

108 686

80 455

2

Lada Vesta

91 798

86 857

3

Kia Rio

78 073

82 970

4

Hyundai Creta

58 775

55 539

5

Hyundai Solaris

49 829

55 716

6

Volkswagen Polo

47 115

48 147

7

Lada Largus

35 354

36 109

8

Renault Duster

31 080

35 520

9

Volkswagen Tiguan

29 145

26 441

10

Skoda Rapid

28 689

29 052

11

Renault Logan

28 479

24 817

12

Kia Sportage

28 169

28 812

13

Toyota Camry

27 731

26 247

14

Lada 4×4

26 325

27 040

15

Renault Sandero

24 989

26 260

16

Lada Xray

24 113

29 006

17

Toyota RAV4

22 991

25 248

18

Kia Optima

22 152

17 492

19

Renault Kaptur

22 003

25 631

20

Skoda Octavia A7

20 717

19 667

21

Skoda Kodiaq

19 881

11 646

22

Mitsubishi Outlander

19 495

19 544

23

Nissan Qashqai

19 291

18 238

24

Hyundai Tucson

18 617

18 327

25

Mazda CX-5

17 804

17 507

Продажба по групации, јануари до октомври 2019

Поз

Групација

Продажба

1

Avtovaz Renault Nissan Mitsubishi

(Avtovaz, Renault, Nissan, Infiniti, Datsun, Mitsubishi)

516 739

2

Volkswagen (VW Cars + Vans, Audi, Skoda)

174 824

3

Kia

188 282

4

Hyundai

149 556

5

Toyota (+Lexus)

99 818

6

Mercedes (+vans, smart)

35 311

7

BMW (+Mini)

33 936

8

UAZ

30 255

9

Mazda

24 348

10

General Motors (Chevrolet, Cadillac)

19 018

11

Haval

8 538

12

Jaguar Land Rover

8 304

13

Geely

7 260

14

Volvo

6 740

15

PSA (Peugeot, Citroen)

6 304

16

Suzuki

5 603

17

Subaru

5 952

18

Chery

4 920

19

Porsche

4 779

20

Lifan

3 693

21

Fiat Chrysler Automobile (+Jeep)

2 531

22

Changan

1 713

23

Honda

1 472

24

DFM

1 273

25

FAW

1 121

Opel во Русија, Peugeot во Северна Америка, Citroen во Индија

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini Cooper SE Getaway Car

Mini го најавува електричниот Cooper SE со „E-talian Job“

Toyota RAV4 plugin hybrid prime

Швајцарија надмина 10.000 нови електрични возила годинава