150
21 shares, 150 points

Луксузот не познава граници, но препознава вкус. Rolls-Royce Phantom VIII поседува нешто што на прв поглед можеби изгледа банално, а всушност е генијално. Во мануфактурата во Гудвуд измислија галерија, простор во кокпитот покриен под стакло, во когошто може да се постави вистинско уметничко дело.

Rolls-Royce не е само автомобилска марка, туку е историја на светот. Богатите и славните со новиот Phantom VIII добиваат можност во возилото да си постават сопствена уметничка галерија. Историјата зад овој чин: Брајан Епштајн, менаџерот на Битлси, на времето купил скап модел на Bentley, благодарејќи на успехот на бендот. Тоа го вознемирило Џон Ленон и кусо пред божик во 1964 година тој се упатил во најблискиот салон на Rolls-Royce, со намера да го купи најскапиот автомобил од марката.

https://photos.app.goo.gl/rDX61zws8uHZigRr1

Кога тогашниот Phantom од петтата генерација бил испорачан на 3-ти јуни 1965 година, со сите можни опции, Ленон бил единствен 24-годишник во светот кој поседувал таков автомобил. Тој сепак не поседувал возачка дозвола. Скапоцениот автомобил првично бил лакиран во црно. Како дел од промотивната кампања за албумот „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ од 1967 година, еден уметник бил ангажиран да го бојадиса автомобилот соодветно. Овој вреден историски примерок беше присутен при премиерата на Rolls-Royce Phantom VIII во Лондон.

https://photos.app.goo.gl/qBPqqwuNuEAzhSN92

Rolls-Royce Phantom VIII само привидно се купува со пари – потребно е нешто повеќе од тоа

Силна е врската меѓу Rolls-Royce и уметноста. Со новата генерација на Phantom, марката сака да ѝ даде дополнителен поттик на оваа врска. По должината на целиот кокпит се провлекува стаклен панел, наречен „галерија“. За првпат во историјата, автомобил располага со простор за прикажување уметнички дела.

https://photos.app.goo.gl/KWkXDdEEtHyzvcGh2

Клиентите на Rolls-Royce обично поседуваат скапоцени и ретки колекции од уметнички дела. „Галеријата“ е начин сопственикот да си понесе дел од својата колекција во автомобилот. При поставувањето на делата во овој простор се внимавало да се спречи секаква нечистотија што би ги уништила уметничките парчиња. Исто како при изработката на процесори.

Сопствениците на Phantom практикуваат да минат половина час дневно во возње, изолирани од средината, заради детоксикација; галеријата е соодветен придружник

Во Rolls-Royce се одлично запознаени со навиките на сопствениците на нивниот врвен модел. Многумина практикуваат по половина час во денот да минат во возење на задната ложа во Phantom, изолирани од сите влијанија од околината. Тоа е еден вид детоксикација. Со галеријата во кокпитот, тие сега добиваат начин повеќе да уживаат во својот автомобил.

Rolls-Royce покани неколку врвни светски уметници и мануфактури да му дадат душа на просторот што со право се нарекува „Галерија“.

https://photos.app.goo.gl/gaCfMRcT728yzNTn2

https://photos.app.goo.gl/TEcP6pfVFz00JoF53

https://photos.app.goo.gl/OvYGWsUIBm0Xj1143

https://photos.app.goo.gl/faNPBTgxKZIPVnVv1


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
21 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743