127
19 shares, 127 points

Сер Хенри Ројс имаше убава визија кога во 1925 година го претстави првиот Phantom како најдобар автомобил во светот. Мануфактурата што тој ја основаше заедно со Чарлс Ролс прерасна во ултимативен израз за автомобилско достигнување, во Rolls-Royce. Не може повеќе од тоа. Светот го доби Rolls-Royce Phantom VIII.

Точно 92 години подоцна, Rolls-Royce под истото мото го претставува осмото поколение на кралската лоза на Phantom. Како и вообичаено, кога луксузната марка ќе прикаже нов модел пред јавноста, тоа е многу повеќе од збир на врвна технологија, највисок комфор што може да се замисли и рачна изработка што се смета за уметност.

https://photos.app.goo.gl/hMT2Cd4TR8ni6thD2

Rolls-Royce раководи како светот го толкува луксузот и дава нови водилки секогаш кога ќе почувствува дека на светот му е потребно следното воздигнување. Последен пат тоа се случи во 2003 година. Според актуелното толкување, Rolls-Royce Phantom VIII е „архитектура на луксузот“. Во овој поим марката го сублимира постигнатото во новиот автомобил.

Rolls-Royce Phantom VIII е „златарот“ меѓу дуќаните со автомобилски делови

Британската благородничка марка го враќа достоинството на автомобилското производство. Големосериските марки гледаат да ги скусат трошоците на минимум и на иста платформа произведуваат безброј модели, буквално убивајќи ја разновидноста и неизвесноста. Во такви времиња, Rolls-Royce вреди уште повеќе. Во марката ја гледаат иднината на вистинскиот луксуз во мали серии и во изработка по нарачка.

https://photos.app.goo.gl/8JgzasNblKJnp4hP2

Архитектурата на луксузот“ ќе ја следат и идните модели од Rolls-Royce, вклучувајќи го теренскиот Cullinan, но и следните генерации на Ghost, Wraith и Dawn. Главниот материјал на оваа архитектура е алуминиумот. Каросериската структура на новиот Phantom е полесна и за една третина поцврста во споредба со претходникот.

https://photos.app.goo.gl/E5YK5ZHxjy9C6JfF3

Срце на погонот е мотор V12 со работна зафатнина од 6,75 литри, чијашто моќност изнесува 571 КС. Осумстепениот менувач од ZF има задача 900-те њутнметри да ги пренесе до задната оска. Секако дека во благородната марка му се придава „духовна смисла“ (Phantom, Ghost…) на пренесувањето на оваа моќ во движење.

Возвишеното пристига од Англија, техниката од Минхен

Колку и да се има свест за возвишеното во Rolls-Royce, не може да се превиди дека голем дел од технологијата сепак пристига од Минхен, од BMW. Две камери го гледаат патот пред возилото и го подготвуваат подвозјето да се подготви за спротивставување на несовршеностите во подлогата уште пред Phantom да ги прегази.

https://photos.app.goo.gl/QBWTrGpGjhobO1903

Патниците можат да бидат спокојни во акустичната капсула што ја создаваат двојните стакла од по 6 милиметри и 130-те килограми изолациски материјал. По пример на „предвидувачкото подвозје“ од серијата 7 на BMW, се подразбира и мноштвото од системи за асистенција од германскиот крстосувач. Проекцискиот дисплеј, пристапот на интернет и навигациските услуги, тука се стандардни како што се автоматски клима уред или алуминиумски бандажи кај обичните лимузини.

https://photos.app.goo.gl/aKF7udYtQ8xRcrXD2

Тоа што најмногу го издвојува новиот Phantom е можноста во кокпитот да се интегрираат уметнички дела. По нарачка, тоа може да бидат малечки предмети во арматурната табла, изработени со семејните обележја, а може да се постават и парчиња од уметничката збирка на сопственикот. Според стратезите на Rolls-Royce, уметноста, собирањето уметнички дела и негувањето на колекциите се важен аспект во животниот стил на поголемиот дел од клиентелата на марката.

Цената има само почеток: Околу 450.000 евра.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
19 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743