за

Rolls-Royce Dawn: Четиристотини банки за три тона железо

Rolls-Royce објави колку пари треба да се издвојат за човек да се изјасни како горд сопственик на еден од најголемите и најраскошно дотерани кабриолети. Покрај таа цена и Mercedes S-Class Cabrio изгледа скромно.

Утринава Mercedes го објави ценовникот за новиот луксузен кабриолет од класата S во којшто стои дека најскапата изведба Mercedes-AMG S 63 4Matic со осумцилиндарец со 585 КС чини 187.484,50 евра на германскиот пазар. Тоа уште не е крајот, затоа што наскоро следува и верзијата S 65 со дванаесетцилиндарец и 630 КС, чија цена ќе изнесува над 240.000 евра.

rolls royce dawn (1)
Цената од 425.000 евра има само фиктивна улога. Повеќето идни сопственици на суперлуксузниот кабриолет имаат специјални барања – и паричник за тоа

Во Rolls-Royce на сето тоа можеа цинично да се насмеат, откако и тие ја објавија цената за својот суперлуксузен и ексклузивен кабриолет. Dawn, кој според Британците не е кабриолет изведба на купето Wraith – иако не е ништо друго освен тоа – чини 425.000 евра.

За парите се добива кабриолет долг 5,30 метри, со мотор со дванаесет цилиндри со моќност од 570 КС и вртежен момент од 780 њутнметри под хаубата. Исклучително е мала веројатноста дека во светот ќе се најде купувач кој е подготвен да ја плати оваа сума од 425.000 евра – не поради тоа што сумата е висока, туку што не е висока доволно. Сопствениците на Rolls-Royce лесно ги нарачуваат опциите што чинат по десетици, па и стотици илјади евра доколку се побараат услугите на одделението за специјални нарачки, така што на крајот излегуваат бројки од коишто на нормалниот купувач на автомобил му се крева косата. Но, од друга страна, ниту кај скапоцениот кабриолет на Mercedes нема да биде поинаку.

rolls royce dawn (2)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Калифорнија воведе правила на однесување за автономните возила

Skoda Yeti в година ќе добие поголем брат на база на Volkswagen Tiguan