121
19 shares, 121 points

Нај-теренците постојано се менуваат на врвот на автомобилската сцена. Прв беше BMW X5, којшто ги научи теренците да возат спортски, a не заостанa ниту Mercedes со својот MLClass. Следеше Porsche Cayenne како нов екстрем. Во меѓувреме се надградуваа и пионерите на сцената, Wrangler, Defender, G-Class.

Во последниве години, работите се менуваат уште подрастично. Bentley Bentayga стана најексклузивен, најбрз, најскап теренец, за потоа да следи Lamborghini Urus, како нов „нај“. Mercedes исто така го подмлади G-Class. Нови марки пристигаат постојано во сегментот на спортските теренци или што сé се подразбира под СУВ – марки кои порано не би ги поврзале со теренот. Maserati Levante, на пример. Lotus, Aston Martin, Ferrari. Нема да остане марка без теренски автомобил во својата понуда. Исклучок е McLaren.

Mercedes-AMG G 63 S Ed1 ent

Престижот и ексклузивноста не се мерат во бројки. Mercedes G-Class комбинира класика и најнапредна технологија

На производителите им годи големиот интерес за теренските модели, затоа што купувачите честопати немаат осет колку доплаќаат за „терен“. Ако за СУВ на база на модел од компакт класа е потребно да се доплатат најмалку 3.000 до 4.000 евра наспроти класичната комбилимузина, колку тогаш доплаќаат купувачите на најекстремните претставници на оваа сорта?

Цените на десетте најскапи теренски модели што ги претставуваме тука не зависат од тоа дали климатизацијата работи во осум зони или дали погонот на сите тркала достига и до резервното тркало. Тука станува збор за престиж, име, врвна изработка, екстремен инженеринг, за мајсторија во секој поглед.

Тоа што меѓу најскапите модели се мешаат теренски автомобили и СУВ-модели е сосем неважно

Половината од десетте најскапи теренски модели се повикуваат на спортски имиџ и врвни пеформанси. Другата половина се повикува на благородништвото и ексклузивниот карактер. Единствено кај сите „екстремисти“ е тоа што под хаубата работат бензински мотори. Тоа би требало да води кон соодветен заклучок. Потрошувачката на бензин не се мери во литри на сто километри, туку во резервоари на ден. Но, што се неколку стотини евра за гориво, покрај автомобил што чини стотици илјади евра?

Во меѓувреме се очекува и следниот „нај-теренец“ на сцената, BMW X7.

Топ 10 Најскапи теренски автомобили

(поради тоа што за повеќето модели не се објавуваат цените за македонскиот пазар, со исклучок на Mercedes, цените за споредбата ги преземаме од германскиот пазар)

Rolls-Royce Cullinan 

Цената не е објавена, се шпекулира со 250.000 фунти или околу 285.000 евра. Кај Rolls-Royce, цената е повеќе од информативен карактер. Примерок од Cullinan што ќе се продаде за 250.000 фунти, нема да постои

Rolls-Royce Cullinan_n

Мотор V12, 6750 ccm, 571 КС, 850 Nm, должина 5341 mm, тежина 2660 kg, 0-100 km/h за s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 15,0 L/100 km

Land Rover Range Rover 5.0 V8 SV Coupe · Цена 291.500 евра

Land Rover Range Rover 5.0 V8 SV Coupe

Мотор V8, 5000 ccm, 565 КС, 700 Nm, должина 5013 mm, тежина 2649 kg, 0-100 km/h за 5,3 s, Vmax 266 km/h, просечна потрошувачка 13,8 L/100 km

Останати моделски изведби:

  • Land Rover Range Rover 5.0 V8 LWB SVAutobiography (209400 евра)
  • Land Rover Range Rover P400e PHEV LWB SVAutobiography (198000 евра)
  • Land Rover Range Rover 4.4 SDV8 LWB SVAutobiography (197100 евра)
  • Land Rover Range Rover 3.0 TDV6 LWB SVAutobiography (188300 евра)
  • Land Rover Range Rover 5,0 V8 Kompressor SVAutobiography Dynamic (175000 евра)

Bentley Bentayga W12 Mulliner · Цена 289.900 евра

Bentley Bentayga W12 Mulliner

Мотор V12, 5950 ccm, 608 КС, 900 Nm, должина 5141 mm, тежина 2440 kg, 0-100 km/h за 4,1 s, Vmax 301 km/h, просечна потрошувачка 12,8 L/100 km

Останати моделски изведби:

Bentley Bentayga W12 (208488 евра)

Bentley Bentayga V8 (174811 евра)

Bentley Bentayga Diesel (174335 евра)

Lamborghini Urus · Цена 204.000 евра

Lamborghini Urus 2

Мотор V8, 3996 ccm, 650 КС, 850 Nm, должина 5112 mm, тежина 2200 kg, 0-100 km/h за 3,6 s, Vmax 305 km/h, просечна потрошувачка 12,3 L/100 km

MercedesAMG G 63 Edition 1 · Цена 168.617 евра

Mercedes G 63 AMG Edition 1

Мотор V8, 3982 ccm, 585 КС, 850 Nm, должина 4725 mm, тежина 2560 kg, 0-100 km/h за 4,5 s, Vmax 220 km/h, просечна потрошувачка 13,1 L/100 km

Останати моделски изведби:

  • Mercedes-AMG G 63 (148435 евра)

Mercedes-AMG GLS 63 · Цена 140.242 евра

Mercedes-AMG GLS 63

Мотор V8, 5461 ccm, 585 КС, 760 Nm, должина 5162 mm, тежина 2580 kg, 0-100 km/h за 4,6 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 12,3 L/100 km

Porsche Cayenne Turbo S Tiptronic S · Цена 138.850 евра

Porsche Cayenne Turbo S

Мотор V8, 3996 ccm, 550 КС, 770 Nm, должина 4926 mm, тежина 2250 kg, 0-100 km/h за 4,1 s, Vmax 286 km/h, просечна потрошувачка 11,9 L/100 km

Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe · Цена 132.685 евра

(како каросериска варијанта на GLE)

Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe

Мотор V8, 5461 ccm, 585 КС, 760 Nm, должина 4918 mm, тежина 2350 kg, 0-100 km/h за 4,2 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 11,9 L/100 km

Mercedes-AMG GLE 63 S · Цена 127.509 евра

Mercedes-AMG GLE 63 S

Мотор V8, 5461 ccm, 585 КС, 760 Nm, должина 4852 mm, тежина 2345 kg, 0-100 km/h за 4,2 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 11,8 L/100 km

BMW X6 M (до април ’18) · Цена 125.600 евра

(како каросериска варијанта на X5)

BMW X6 M

Мотор V8, 4395 ccm, 575 КС, 750 Nm, должина 4909 mm, тежина 2265 kg, 0-100 km/h за 4,2 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 11,1 L/100 km

BMW X5 M (до април ’18) · Цена 122.100 евра

BMW X5 M

Мотор V8, 4395 ccm, 575 КС, 750 Nm, должина 4880 mm, тежина 2350 kg, 0-100 km/h за 4,2 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 11,1 L/100 km

Jeep Grand Cherokee 6.2 V8 Trackhawk · Цена 119.900 евра

Jeep Grand Cherokee 6.2 V8 Trackhawk

Мотор V8, 6166 ccm, 710 КС, 868 Nm, должина 4846 mm, тежина 2531 kg, 0-100 km/h за 3,7 s, Vmax 289 km/h, просечна потрошувачка 16,8 L/100 km

И овие не се за занемарување:

Volvo XC90 T9 Twin Engine Exellence · Цена 115.860 евра

Cadillac Escalade 6.2 V8 Platinum ESV · Цена 119.900 евра

Maserati Levante S Granlusso · Цена 100.340 евра (наскоро стартува испорака на верзијата со Ferrari V8)

Светот не изгледа различно по Rolls-Royce Cullinan

Теренецот на Ferrari постои и се вика Maserati Levante Trofeo

Полициски Mercedes-AMG GLE 63 S ќе става ред по австралиските патишта

Лимузините заминаа, ни остануваат СУВ кутиите

Nissan Qashqai е најбрзиот СУВ во светот: 382,6 km/h

Теренците поспортски од спортските автомобили во Женева


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

121
19 shares, 121 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743