за

Нарачките за Rolls-Royce Cullinan се полни до 2020 година

Rolls-Royce Cullinan Torsten

Во Гудвуд сé е во ред. Од седиштето на компанијата денес соопштија дека веста за отпуштањето работници се однесува на другиот Rolls-Royce, оној што произведува авионски мотори

Кој уште би помислил дека бизнисот на Rolls-Royce можеби е во криза, дека светот одеднаш изгубил потреба од најдобрите автомобили на планетава? Денес сепак излезе вест дека Rolls-Royce отпушта неколку илјади вработени, но тоа се оние другите, со авионските мотори. Секако дека од седиштето на автомобилската марка во Гудвуд не ја пропуштија оваа можност да соопштат дека кај нив сé е во ред. Дури, одлично е.

Од Rolls-Royce не се истрчуваат да ги објават бројките за продажбата, ова сепак не е Volkswagen. Благороднички и самоуверено, оттаму само наведуваат дека лани биле постигнати исклучителни продажни резултати, со испораки на возила во близу 50 држави низ светот. Трендот продолжува и годинава.

Првите примероци од Phantom од осмата генерација беа испорачани во јануари. Повеќе влијателни медиуми ја подржаа титулата на Rolls-Royce за производител на најдобрите автомобили во светот. Во меѓувреме пристигна и Cullinan, којшто важи како „Rolls-Royce меѓу СУВ-возилата“. За тоа колку светот го прифати Rolls-Royce Cullinan, говори фактот што книгите со нарачки се полни речиси до крајот на следната годин. Тоа значи дека доколку некој го нарача суперексклузивниот СУВ со Емили на хаубата, ќе мора да чека најмалку до почетокот на 2020 година. Првите примероци, инаку, ќе бидат испорачани од Гудвуд наесен.

Пазарот реагираше позитивни на варијантите Black Badge, што најблиску би можело да се разбере како AMG за англискава марка. Wraith, Ghost и Dawn, сите три модели се достапни во изведба којашто ја нагласува динамиката во возењето, заедно со неколку стилски обележја што досега не беа вообичаени за овие автомобили.

Во „домот на Rolls-Royce“ моментно работат над 1.800 лица, што е петпати повеќе отколку во 2003 година, по преземањето од BMW.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo V60 premiera

Volvo сам ќе си прави салони на автомобили

polestar 1 goodwood

Електричниот Volvo првпат ќе вози пред публика во Гудвуд