161
21 shares, 161 points

Додека најлуксузниот теренец во светот пристигне во гаражите на благородничките дворови ќе мине уште долго време. Но, тоа не ги вознемирува идните сопственици на Rolls-Royce Cullinan, иако во меѓувреме ќе се појават уште неколку силни играчи во сегментот кадешто автомобилите чинат колку куќа.

Големиот успех на Bentley Bentayga им задава главоболки на менаџерите на Rolls-Royce во седиштето во Гудвуд, но исто така и на шефовите на групацијата BMW во Минхен. Првата серија од повеќе од пет илјади примероци е веќе распродадена, иако теренецот на Bentley е достапен само во верзијата со дванаесетцилиндарец со 600 коњски сили. За понатаму се планира годишната продукција да се зголеми на десет илјади примероци, вклучувајќи ја и идната купе-изведба од Bentayga.

Bentayga се продаде во повеќе примероци отколку сите модели на Rolls заедно

Од следната година, конкурентот на Rolls-Royce ќе започне со испорака на верзијата на Bentayga со осумцилиндарскиот дизел од Audi SQ7, кој со 435 КС е најсилен дизел мотор што моментно се вградува во серија, меѓу другото благодарение и на 48-волтната мрежа за компресорот со електричен погон. Во првата година, скапоцениот теренец се продаде во повеќе примероци отколку сите модели на Rolls-Royce заедно.

rolls-royce cullinan_1

Моделската политика не се погоди во Гудвуд. Врвниот модел Phantom не се произведува веќе една година и конкурентот Bentley Mulsanne ќе остане без конкуренција најмалку до почетокот на 2018 година. Rolls-Royce предолго се колебаше да ја постави легендарната „Емили“ на маската на теренски автомобил. Во февруари 2015 година, од Гудвуд конечно потврдија дека се работи на таков модел, со објавата на отвореното писмо до своите акционери во Financial Times.

Информациите за проектот под името Cullinan се скромни. Тоа што одзеде најмногу време досега е дизајнот на теренецот, којшто треба да се вклопи во актуелниот стил и во духот на традицијата на марката. По неколку објавени фотографии од маскираниот прототип, Cullinan по католичкиот Божик ќе се најде во Арктичкиот круг, заради тестирање и натамошно дотерување на погонот на сите тркала, моторот и возните својства.

Луксузниот BMW X7 ќе биде претходница на теренецот на Rolls-Royce

Rolls-Royce ќе го претстави својот прв теренец кон крајот на 2018 година, за испораката да стартува веќе во наредната година. Дотогаш бројни други модели ќе се вмешаат во луксузниот сегмент, вклучувајќи го дури и идниот BMW X7 од сопствената групација, исто како и теренецот од Maybach, којшто се развива врз основа на следната генерација на Mercedes GLS.

bmwterx7

За луксузниот теренец долг над пет метри, со каросерија што целосно ќе биде изработена од алуминиум, на располагање ќе стојат мотори со осум и дванаест цилиндри, со турбонатполнење и моќност меѓу 500 и 650 КС. Пневматската амортизација се подразбира, исто како и изборот од повеќе програми за работа на подвозјето и на погонската спрега зависно од условите на возење. Изведба со хибриден погон ќе ја комплетира понудата. Тоа што засега недостига е моќен осумцилиндарски дизел, затоа што најсилната машина со којашто моментно располага BMW е дизелот со четирикратно турбонатполнење од 750Ld. Со шест цилиндри, овој мотор нема да ги убеди идните сопственици на Cullinan.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
21 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743