146
19 shares, 146 points

Чарлс Ролс и Хенри Ројс, на состанок во Мидленд Хотел во Манчестер, на 4-ти мај 1904 година, го започнуваат потфатот што ќе направи пресвртница во автомобилизмот. Нивната цел е да го конструираат и произведат најдобриот автомобил во светот.

Rolls-Royce е дел од основната култура, опишуван и опејуван во книги, филмови, меѓу првите асоцијации за луксуз. Само на Аутомедиа, Rolls-Royce се спомнува во 144 објави. Затоа, овојпат само неколку куси приказни, за пред викенд.

Првите модели на Rolls-Royce личат како пајтони

Постои причина зошто првите модели на британската марка личат на пајтони. Автомобилите на Rolls-Royce рачно ги изработуваат врвни мајстори, кои дотогаш работеле на пајтони. Рачното составување на каросериите завршува во 1960-те години. Пред две години, клиент бара Rolls-Royce да изработи автомобил според старата традиција. Уникатот е „Sweptail“. Во некоја блиска иднина, тој ќе достигне астрономски вредности. Единственоста на овој автомобил оди дотаму што во ладилникот собира само шише Дом Перињон од 1973 година.

Како започна целата приказна?

Хенри Ројс е сопственик на компанија за електрика и својот прв автомобил го купува од француската марка Decauville. Станува збор за автомобил со два цилиндри и моќност од 10 КС. Тој врши неколку подобрувања. Откако Ролс го испробува автомобилот и се уверува во неговите квалитети, тој бара да ги продава сите автомобили што ќе ги изработи Ројс. Во првите две години се изработени 10 примероци. Лани, Rolls-Royce продаде 4.107 примероци во повеќе од 50 држави, историски рекорд.

Чиј е овој Rolls-Royce надвор?“

Во јули 1917 година, британскиот дипломат Хју Лојд-Томас, вечера во скап ресторан во Каиро, заедно со сопругата Ејлин. Одненадеж во ресторанот се втурнува човек и прашува: „Чиј е овој Rolls-Royce надвор?“ Откако Ејлин му кажува дека тоа е нејзиниот автомобил, човекот прогласува дека го запленува возилото „во име на оружените сили на Нејзиното Височество“ и се одвезува. Тоа е Т. Е. Лоренс, когошто цел свет го познава како Лоренс од Арабија.

Овој настан, овековечен со една од најславните фотографии од првата светска војна, претставува одлична основа за Cullinan, првиот теренски автомобил на марката од Гудвуд. За докажување на способноста на возилото, Rolls-Royce организираше патување во најсуровите средини на планетава, долго 12.000 милји.

Екс-дизајнерот на Skoda ќе црта за Rolls-Royce

Луксузот не познава криза: Рекордни продажби на Rolls-Royce & Co

Rolls-Royce што политбирото му го забрани на диктаторот Чаушеску

Пробно возење и за клиентите на Rolls-Royce

Тест: Jaguar E-Pace D180 AWD Base


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
19 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *