за

Rolls-Royce размислува за дополнителен модел во понудата

Луксузната британска марка на BMW до крајот на годинава ќе објави дали ќе има нов модел во понудата, покрај Phantom, Ghost и Wraith. Тоа го најави др. Нилс Грифел, надлежен за серијата Phantom. Според Грифел, шансите за реализација на идејата „повеќе се 60 наспрема 40, отколку 40 наспрема 60“.

Rolls-Royce веќе подолго време се занимава до идејата да развие луксузен спортски теренец, каков што веќе најави конкурентот Bentley. Кралската марка очекува зголемување на продажбата со воведувањето на големиот теренец. Но, традицијата и имиџот на Rolls-Royce не дозволуваат тукутака да се понуди модел само затоа што купувачите моментно се расположени за истиот. Од друга страна, возилата се продаваат одлично и без теренски модел.

Во минатата година низ светот се испорачаа 3.630 возила со впечатливата фигура на „Духот на екстазата“. Четири години по ред Rolls-Royce урива рекорди. Пред десет години британската марка за прв пат продаде повеќе од 1.000 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi RS7: Фејслифт на спортската машина

Toyota произведе 10 милиони автомобили во Кентаки