за

Rolls-Royce не планира самостојно производство на моторите од BMW

Додека конкурентот Bentley наскоро ќе започне самостојно да ги произведува моторите W12 од Volkswagen, во Rolls-Royce и натаму се потпираат на испорака на моторите од Германија.

Традиционалната британска марка ќе продолжи да ги добива моторите V12 од Германија, наместо да започне со нивно локално производство, како што тоа го направи главниот конкурент Bentley. Франк Лудвиг, прв човек за производство во фабриката во Гудвуд смета дека „за производство на мотори е погребно огромно искуство и моментно најдобро место за набавка на мотори V12 е Германија.“

Откако Rolls-Royce го воведе купето Wraith во понудата, продажбата на марката се зголеми на 3.300 примероци, со што Британците станаа најголеми потрошувачи на мотори V12 во групацијата BMW. Како основа се користат атмосферскиот мотор V12 со зафатнина од 6,8 литри, којшто се вградува во Phantom и 6,6-литарскиот битурбо, за моделите Ghost и Wraith. Голем дел од компонентите во моторите сепак се модифицирани за вградување во Rolls-Royce, но и тие се произведуваат кај баварскиот специјалист за мотори. Најлутиот конкурент Bentley ќе произведе околу 9.000 примероци од моторот W12 за користење во сите марки на групацијата Volkswagen до 2018 година. Досега овој мотор се има произведено во вкупно 5.000 примероци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Концернот Fiat Chrysler преоѓа во моделска офанзива

Volkswagen ги претстави новите мотори и менувачи