за

Rolls-Royce: Теренецот Cullinan влегува во завршно тестирање

Теренецот на Rolls-Royce момемтно се тестира маскиран во каросерија од Phantom Series II

Престижните марки се подготвуваат да го освојат теренот. Rolls-Royce нема да отсуствува ниту од оваа трка. Неговиот теренец под развојно име Cullinan веќе се тестира на патиштата во маскирана каросерија.

Автомобилот од когошто ќе произлезе идниот теренски модел на Rolls-Royce веќе се тестира на патиштата. „Cullinan“ во моментов изгледа како несреќен проект на преамбициозен тјунер. Идниот модел е маскиран во екстремно скусена каросерија од Phantom Series II и главното тежиште во тестирањето е поставено на новиот погон на сите тркала, во комбинација со пневматска амортизација, под развојно име „Magic Carpet“.

Покрај благородната марка и некогашен снабдувач на британскиот кралски двор, теренски возила подготвуваат и Bentley, Lamborghini и Maserati. Моделот на Bentley го носи чудното име Bentayga, „суперспортскиот“ теренец на Lamborghini ќе се вика Urus, додека Maserati го потврди името Levante за идниот модел на висока нога.

Изгледот на идниот теренец Cullinan уште не може да се препознае во „привремената“ каросерија, но скусеното меѓуоскино растојание укажува на сериозниот пристап во теренските својства
Изгледот на идниот теренец Cullinan уште не може да се препознае во „привремената“ каросерија, но скусеното меѓуоскино растојание укажува на сериозниот пристап во развојот на теренските својства. Моментно изгледа како несреќен проект на амбициозен тјунер

Од фотографиите на тест-прототипот уште не може да се препознаат дизајнерските белези на Cullinan, поради тоа што изгледот на каросеријата во оваа фаза има само „провизорна“ улога, но може приближно да се претпостават пропорциите на теренецот, со значително покусо меѓуоскино растојание во споредба со Phantom. Секако дека теренските својства нема да бидат запоставени. Напротив, Cullinan ќе претендира во тој поглед да го надмине досегашниот „ролс-ројс на теренот“, Range Rover.

Точниот датум на претставувањето на серискиот модел уште не е познат, исто како и датумите за теренците на Lamborghini и Maserati. Кај Bentley веќе има подетални информации, односно информација: Bentayga ќе стартува со продажба веќе в година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes ќе произведува автомобили во Русија?

Ексклузивен хотелски апартман на Bentley во Истамбул