за

Rolls-Royce пристига на јубилејот на Гудвуд со Silver Cloud од 1966 година

Rolls-Royce goodwood revival 20 godini

Викендов се одржува историски собир во Гудвуд. Rolls-Royce ќе ги почести гостите на настанот со еден од своите најретки и највпечатливи историски автомобили, когошто филмофилите го помнат од „Blow-Up“ на Антониони

Rolls-Royce ќе ја одбележи дваесетгодишнината од првиот собир на олдтајмери во Гудвуд со една од своите најголеми моделски легенди. За овој настан што го привлекува вниманието на ентузијастите од цел свет, благородната марка го избра Rolls-Royce Silver Cloud III Continental Drophead Coupé by Mulliner Park Ward. Тоа е целосното име на овој модел, во когошто се вмешуваат голем број традиции и врвни мајсторства – покрај „основната“.

Исклучителниот четирисед доби централно место во филмот „Blow-Up“ од 1966 година, во режија на Микеланџело Антониони, со Дејвид Хемингс, Ванеса Редгрејв, Сара Мајлс и „светскиот супермодел“ Верушка.

Rolls-Royce Silver Cloud III Continental Drophead Coupé by Mulliner Park Ward

Rolls-Royce ќе оствари забележливо присуство на историскиот собир во Гудвуд, за неговата 20-годишнина. Седиштето на славната автомобилска марка е недалеку од имотот на Лорд Марч, кадешто се одржуваат низата значајни настани со предзнак „гудвуд“. Централното место на собирот е Марч Мотор Воркс, градба во класичен стил. Годинава, внатрешноста на објектот ќе биде изведена во стилот на 1960-те, во знакот на свингот. Дел од поставката ќе биде салон на Rolls-Royce од периодот, со предмети, звуци и атмосфера од тоа време.

„Домот на Rolls-Royce“ е во непосредна близина на одржувањето на историскиот собир во Гудвуд

Во делот од манифестацијата што се одвива на славната тркачка патека, Rolls-Royce ќе учествува со Phantom V Touring Limousine (PV 23 design) од 1966 година, со каросерија изработена од Џејмс Јанг. Со каросерија лакирана во комбинација од црна и слонова коска, овој автомобил е вистински раритет. Гостите ќе имаат можност да го почувствуваат славното „возење како на летечки тепих“, во луксузна атмосфера од тоа време. Производителот на тоа гордо ќе додаде дека „единственото нарушување на спокојството е звукот од оригиналниот механички часовник.“

Во текот на викендот, Rolls-Royce ќе биде присутен и со неколку специјални моделски изведби од актуелната понуда. Важните гости ќе бидат поканети во „Домот на Rolls-Royce“, лоциран во југо-источниот дел од Гудвуд.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota C-HR

Милион примероци од Toyota C-HR и Prius во сервис поради опасност од пожар

Jaguar Land Rover klasicno radio

Старо радио за модерни времиња во Jaguar и Land Rover