159
22 shares, 159 points

Ауто Билд, Германија  – На фановите на спортските автомобили уште им се будат возачките апетити кога ќе се спомне марката Gumpert. Поранешниот шеф за мотоспорт во Audi, Роланд Гумперт, во 2005 година го претстави тркачкиот автомобил со дозвола за улица Apollo, кој со моторот V8 со 800 КС и со екстремното дотерување на подвозјето ги стави на тест и најискусните возачи. Четири години подоцна, Apollo постави рекорд на Нирбургринг, извозувајќи ги 20-те километри во Зелениот Пекол за 7:11,57 минути. Но, фирмата објави стечај во 2014 година, а правата за името Apollo ги презеде еден кинески конзорциум. Кога се чинеше дека името ќе исчезне засекогаш, Gumpert се враќа на сцената.

Aiways ќе понуди вкупно осум модели – СУВ, кросовери и лимузини – сите со погон на струја

Роланд Гумперт го претстави својот нов автомобил на салонот во Пекинг. Спортскиот автомобил RG Nathalie го означува стартот на кинеската стартап компанија Aiways, којашто беше основана лани. Планот е да се развие гама од осум модели, вклучувајќи СУВ, кросовери и лимузини, коишто ќе се произведуваат во 300.000 примероци годишно. Сите модели ќе поседуваат електричен погон.

roland gumpert nathalie 1

Гумперт е главен продукт менаџер во Aiways и воедно шеф на германскиот огранок Gumpert Aiways, кадешто е развиена Nathalie. Спортскиот двосед е именуван според ќерката на Гумперт и изгледа како спој на Audi TT и Nissan GT-R. Највпечатливи се екстремно тенките светла, отсуството на маска и светлечката лента по целата ширина на опашот. Во тесниот кокпит на двоседот долг 4,31 метар и висок 1,31 метар владејат филц и пластичен декор во портокалова боја. Како што е вообичаено денес, во кокпитот има само неколку копчиња и прекинувачи, но затоа има и три големи дисплеи. Генијално е ракувањето со климата. На дисплејот се појавува координатен систем, со позиција што се преместува со еден прст. Температурата и вентилаторот се местат во еден потег.

Четири електромотори со заеднички 816 КС за RG Nathalie да спринтува до сто за помалку од 2,5 секунди

Главниот момент на автомобилот што е произведен во Инголштат се наоѓа под ламарината. За погонот се задолжени четири електромотори, секој со по 150 киловати и за секое тркало по еден. Тоа е гаранција за Torque Vectoring од најпрефинет вид. Во брзите свијоци, тркалата од надворешната страна добиваат повеќе моќност. Спринтот до сто трае покусо од 2,5 секунди, крајната брзина е над 300 km/h. Батеријата во форма на Т пристига од Кина и вградена е во средишниот тунел и зад седиштата. Капацитетот изнесува 70 киловатчасови.

roland gumpert nathalie 3

Истиот концепт ќе се применува и кај сериските модели на Aiways, со таа разлика што четири електромотори нема да се користат во сите моделски варијанти. Со по два електромотора блиску до тркалата може да се изведе преден или заден погон, а може да варира и капацитетот на батеријата. Како најава за идната марка, Nathalie прави исклучок и поседува генератор на струја во форма на горивна ќелија што работи со метанол. Тоа е премиера во браншата.

Течниот метанол може да се полни како обично гориво

RG Nathalie го решава проблемот со ограничениот досег на тој начин што произведува струја самостојно. Со полна батерија и полн резевоар со метанол, спортскиот автомобил може да извози до 1.000 километри. Според Роланд Гумперт, метанолот е подобро решение за горивните ќелии отколку водородот. За разлика од водородот, којшто мора да се полни и чува под висок притисок, течниот метанол може да се наточи во обичен резервоар за гориво. Полнењето исто така трае само неколку минути.

Moments from Auto Motor China #RolandGumpert #InnovativeSportsCar #Supersportscar

Posted by Roland Gumpert on Wednesday, April 25, 2018

Производството на струја функционира исто како кај горивната ќелија со водород, со таа разлика што смешата од метанол и вода (Ch3OH) прво мора да се раздвои на водород и СО2 во реформер. Горивната ќелија ќе постигнува моќност меѓу 5 и 10 киловати, а ќе испушта околу 30 грами СО2 на сто километри. Метанот исто така ќе се произведува на одржлив начин. Таканаречениот „зелен метан“ се добива во постројки за биогас, додека „црниот метан“ се добива од јаглен или природен гас.

Како прототип за тестирање на техниката од служи модифициран Audi TT

Гумперт моментно користи модифициран Audi TT како демо-возило со техниката на RG Nathalie. Ауто Билд не се импресионира особено од моќноста што се очекува од спортскиот автомобил по првите километри на совозачкото седиште. Но, магазинот ја пофали беспрекорната координираност на четирите електромотори и тивкото зуење на горивната ќелија, додека произведува струја за електромоторите.

Батеријата на Nathalie може да се полни на обичен приклучок за струја, а во иднина ќе може да се користат и сите постоечки стандарди, вклучувајќи и CCS, со струја до 350 киловати. Полнењето на 60-литарскиот резервоар со метанол сепак трае најкусо, за тоа се потребни само три минути.

И бензинот во пионерските денови на автомобилизмот бил достапен само во аптеки

Метанолот моментно ја дели судбината со водородот. Тој е недостапен во постоечката инфраструктура од станици за гориво. RG Nathalie може да се очекува на пазарот кон крајот на 2019 година. Во меѓувреме, Гумперт работи заедно со своите кинески партнери на решение, за метанолот да стане подостапен за идните сопственици.

Горивото на иднината според Гумперт, моментно е достапно во продавниците за опрема за кампување. Горивните ќелии со метанол се хит во тој сектор. Дали е на повидок следната голема револуција? Во почетоците на автомобилизмот, бензинот бил достапен само во аптеките. Според историските писанија, Берта Бенц на своето прво автомобилско патешествие запрела покрај аптека да купи бензин за возилото.

Гумперт секако дека верува во својот изум и планира да го произведе RG Nathalie во серија од 500 примероци, секој со цена од по 420.000 евра.

Roland Gumpert RG Nathalie

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

За Apollo Intensa Emozione пеколот е забавен парк

За погонот на водород нема лош збор: Mercedes GLC F-Cell

Van Hool ќе испорача 40 автобуси на водород во Германија

Најеколошкото гориво: Водород од сончева енергија

Мора ли бензинот да се добива од нафта: Кои се алтернативите?

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
22 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743