за

Три месеци чекање за Tesla, година за електричен Hyundai

hyundai ioniq elektro, електрични автомобили

За купување електричен или плагин-хибриден автомобил се потребни пари, решителност и обезбеден полнач за струја, но и трпеливост. Поради големата побарувачка, рокот на испорака за некои модели трае и до 12 месеци

Светскиот пазар на електрични возила лани првпат надмина два милиони примероци. Продажбата расте, не постои случај некој производител да се откажал од свој модел на струја. Или повеќе модели, како што е случај кај Renault, Nissan, Tesla и други. Нови генерации на автомобили на струја пристигаат годинава, уште многу производители штотуку се приклучуваат на електромобилноста. Возењето на батерии веќе одамна не е иднина, туку е апсолутна реалност, а во некои земји како Норвешка, кадешто половина од вкупната продажба отпаѓа на електричните возила, тоа е дури и секојдневие.

Но, има еден проблем. Поради тоа што денес „секој“ сака да вози електричен автомобил, се создаваат листи на чекање кај производителите. За повеќе модели на автомобили на струја, кадешто освен батериските се вбројуваат и плагин-хибридите, роковите на испорака моментно изнесуваат и до 12 месеци. Од друга страна, некои производители испорачуваат за само еден месец, како што е примерот со Suzuki Swift SHVS, со неговиот „благ“ хибриден погон.

Сите критикуваа за долгите рокови за испорака на Tesla Model 3, сега се покажа дека Американците се всушност побрзи од повеќето конкурентски куќи
suzuki swift test hybrid shvs dualjet
Изведбата со благ хибриден погон на Suzuki Swift изненади на тестот од повеќе гледишта

За електричната верзија на Hyundai Kona, на пример, чекањето трае цели 12 месеци. Исто толку изнесува рокот на чекање и за Hyundai Ioniq, во електричната и во плагин-хибридната изведба. Класичарот на пазарот на електрични автомобили, Peugeot iOn, бара идните сопственици да се стрпат најмалку десет месеци. Постојат и модели кои уште не може да се нарачаат. Таков е случајот со Audi e-tron, за когошто книгите за нарачки се отвораат во март. Неизвесно е и кај BMW 330e, чијшто датум за старт уште не е објавен.

Побрзо е да се потпише договор за Citroen C-Zero, кој потоа ќе се испорача за седум месеци. Еден месец помалку време е потребно за електричниот Golf. Во меѓувреме и за Tesla Model 3 повеќе не мора да се чека предолго. Калифорнискиот производител ја комплетира процедурата за само три месеци.

Во следната табела се наведени роковите на испорака за неколку електрични модели, за европскиот пазар. Повеќето од тие модели уште не фигурираат во ценовниците за нашиот пазар

Модел

Рок на испорака

BMW 530e, 740e

2 месеци

BMW i3, i8

3 месеци

Citroen C-Zero

7 месеци

Citroen E-Mehari

4 месеци

Ford Mondeo Hybrid

Hyundai Ioniq PHEV, Electro

12 месеци

Kia Niro Hybrid

2 месеци

Kia Niro Plugin-Hybrid

5 месеци

Kia Optima Plugin-Hybrid

5 месеци

Mercedes E 300 Plugin-Hybrid

4 месеци

Mercedes S 560e Plugin-Hybrid

3 месеци

Mitsubishi Outlander Plugin-Hybrid

3 месеци

Nissan Leaf

4 месеци

Porsche Panamera Plugin-Hybrid

4 месеци

Renault Zoe 40

1 месец

Smart EQ fortwo

6 месеци

Suzuki Ignis Hybrid

5 месеци

Suzuki Swift Hybrid

1 месец

Toyota Prius

3 месеци

VW e-Golf

6 месеци

Volvo XC60 T8 Plugin-Hybrid

4 месеци

Продажбата на електрични автомобили достигна 2,1 милиони примероци

Најпродаван во Јапонија е … Nissan Note, по малку електричен

Harley-Davidson има електричен мотоцикл

Пица Џакомо пристига со „умами“ на чист електричен погон

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Славче Таневски интервју, Mercedes CLA

Интервју со Славче Таневски, дизајнер во Mercedes-Benz Cars: „Целта е добра, но и патот дотаму треба да биде убаво искуство“

Vuhl 05RR

Брзи Гонзалес меѓу суперавтомобилите: Vuhl 05RR