152
27 shares, 152 points

Кога полицијата ќе покаже стоп-палка на роботски автомобил без возач, дали тој ќе запре? Друго прашање е како возилото ќе се спречи да продолжи со возење? Одговорите на овие прашања ги знае Waymo, специјализирана фирма на Google

За роботски автомобил да се спречи самостојно да го продолжи возењето, треба да се отворат вратите. Така се наведува во прирачникот за итен случај што деновиве го објави Waymo, посестринската фирма на Google, специјализирана за подрачјето на автономното возење. Компанијата планира в година да започне со комерцијална примена на целосно автоматизирана такси служба. Прирачникот е наменет да ги информира полициските службеници и пожарникарите како да постапуваат во итен случај.

Кога ќе се отвори вратата на роботскиот автомобил, рачката на автоматскиот менувач треба да се постави во „P“. Спасувачките служби потоа треба да ги откачат и клемите на акумулаторот, во зависност од ситуацијата. Автомобилите на Waymo ќе соработуваат со полицијата и останатите служби. Кога камерите ќе препознаат сино ротациски светло, возилото се повлекува настрана и го ослободува патот. Истото важи и кога камерите ќе регистрираат полициска палка, за возилото да запре заради контрола или пишување казна. Во тој случај роботскиот автомобил самостојно бара соодветно место да запре.

Уште в година ќе почне комерцијална примена на роботско такси во САД

За службите за брза помош да ги запознаат функциите на автономното возење, Waymo ќе организира жешка телефонска линија што ќе биде достапна преку целото деноноќие. Обучените службеници ќе им помагаат на спасувачите и на полицајците да ја најдат сообраќајната дозвола, да ракуваат со ротацискиот контролер за функциите на автоматското возење, како и рачно да го исклучат роботското возење. Спасувачките сили ќе треба да внимаваат и на правилата за постапување при незгода со електрично возило, на пример како да ја сечат каросериската структура или да го прекинат доводот на струја од батеријата.

robotski avtomobili waymo

Waymo ќе биде меѓу првите компании што в година ќе започнат со комерцијална примена на роботски такси возила во САД. Alphabet, автомобилската компанија на Google, користи преработени ванови од Chrysler, во коишто се наоѓаат вообичаените педали и воланот. Автомобилскиот гигант General Motors прави чекор понапред и се откажува од каква било можност за мануелно ракување со возилата. Неговото роботско такси исто така треба да започне со работа во следната година.

Volvo сака роботските автомобили да ги заменат авионите

Ford испорачува храна со роботски автомобили во Мајами

X-Matik го претвора секој автомобил во роботски автомобил

Самовозечки минибуси за студентите во Франкфурт


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
27 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743