за

Rivian се впушта по Tesla со поддршка од моќни инвеститори

rivian r1t plaza
rivian r1t plaza

Американската стартап-компанија Rivian ќе започне со продажба на два модели со електричен погон кон крајот на 2020 година. Зад компанијата стојат моќни финансиери.

Пикап и СУВ со погон на струја од стартап-компанијата Rivian ќе пристигнат на пазарот во САД кон крајот на годинава. Од 2021 година, моделите ќе почнат да се испорачуваат и на извозните пазари. Според шефот Роберт Скаринџ, пикапот R1T ќе стартува од 69.000 долари, додека проектираната цена за R1S изнесува 72.000 долари. Со оваа цена, големиот СУВ на Rivian ќе биде под цената на Tesla Model X, чијашто почетна цена во САД моментно изнесува околу 80.000 долари.

Зад стартапот од Плимут, Мичиген, меѓу другите стојоат технолошкиот концерн Amazon и производителоте на автомобили Ford. Компанијата Amazon инвестираше 700 милиони долари во Rivian, а на тоа следеше и половина милијарда долари од Ford. Според новинската агенција Bloomberg, сопственикот капиталот на Rivian моментно изнесува 2,85 милијарди долари.

Долгогодишно ривалство меѓу шефот на Amazon и Илон Маск

Финансиерот Amazon воедно се јавува и како еден најголемите клиенти. Во септември, Amazon нарача 100.000 доставни возила со електричен погон од Rivian. Постојат гласини дека шефот на техно-компанијата, Џеф Безос, лично е особено заинтересиран неговата авантура со електричниот погон да постигне голем успех. Безос и Илон Маск се стари ривали.

Ford ќе ја користи електричната платформа од Rivian за развој на сопствен модел од премиум сегментот. Од Rivian ќе пристигаат погонот, батеријата и компјутерскиот систем. Американскиот гигант во 2019 година објави дека влегува во соработка со Volkswagen, со цел да ја користи платформата за електричен погон од германскиот концерн. Rivian е отворена за соработка и со други компании, по примерот со Ford.

View this post on Instagram

Tank Turn. Available on the R1T and R1S 🙂

A post shared by Rivian (@rivianofficial) on

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

европски автомобили популарни британија

Британија замина од ЕУ, но автомобилската љубов ѝ остана

За фановите на Lexus, Женева не е далеку: Три европски премиери

За фановите на Lexus, Женева не е далеку: Три европски премиери