за

Rivian ќе претстави електричен пикап пред Tesla?

rivian електричен пикап r1t
rivian електричен пикап r1t

Rivian обезбеди 2,5 милијарди американски долари од инвеститорите. Стартап-компанијата има цел да го престигне Tesla во претставувањето на првиот електричен пикап. Сега се зголемуваат изгледите за тоа да се случи.

Противникот на Tesla во трката за првиот електричен пикап во светот доби уште една финансиска инјекција. Американската компанија Rivian, со седиште во Плимут, денес објави дека обезбедила уште 2,5 милијарди долари (2,1 милијарди евра) од инвеститорите.

Најголем удел во свежиот капитал за Rivian повторно доаѓа од фондацијата T. Rowe Price. Не заостануваат многу светскиот шампион во онлајн-трговија и услуги Amazon и најголемиот управител со капитал во светот Blackrock.

Во САД владее остра конкурентска борба за првото електрично возило во секторот на пикапите, што може да донесе голема заработка. Борбата ја предводат Tesla и Nikola, чиишто шефови Илон Маск и Тревор Милтон ветуваат многу. Но, на крај може лесно да се случи трката да ја поведе Rivian. Тие имаат и силни позиции, преку тесната соработка со Ford, но и со големиот тендер за испорака на доставни возила за Amazon.

Пикапот на батерии од Rivian се очекува веќе во првото полугодие од следната година.

Rivian се впушта по Tesla со поддршка од моќни инвеститори

rivian r1t plaza

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Кина воведува норми за штетни испарувања во кабината

Кина воведува норми за штетните испарувања во кабината

Теренецот ќе му ги донесе неопходните пари на Aston Martin

Теренецот ќе му ги донесе неопходните пари на Aston Martin