112
17 shares, 112 points

Производителот на луксузни јахти Riva одбележува 175-годишнина. Во таа чест е изработена специјална серија Abarth 695 Rivale, со детали инспирирани од скапоцените пловила.

Две марки што обичното го претвораат во посебно се здружија да ја изработат специјалната серија модели Abarth 695 Rivale. Поводот е одбележување на 175 години од основањето на Riva, една од најпрестижните адреси за јахти.

Abarth 695 Rivale е најсофистицираниот модел на марката со шкорпионот

Најсофистицираниот модел на Abarth во историјата ќе биде достапен во купе и кабриолет изведба. Каросеријата е лакирана во две бои, сина и сива, со двојна лента во боја на аквамарин. Лентата треба да потсеќа на „линијата за убавина“ кај јахтите. Италијанците додадоа стил и со хромираниот финиш на рачките на вратите и на додатокот за задниот капак. Не недостигаат и детали од махагон во внатрешноста. Таму всушност се највпечатливите белези од оваа соработка на двете големи италијански имиња.

Abarth 695 Rivale

Инспирацијата доаѓа од Riva 56 Rivale, за којашто производителот од Сарнико тврди дека е неговата најбрза и најефикасна јахта досега. Сивата боја и деталите изведени во хромиран финиш се заштитен знак на ексклузивната марка јахти.

Елеганција на Riva, перформанси на Abarth

Името Abarth сепак повеќе се поврзува со моќ и брзина. Под хаубата на 695 Rivale работи 1,4-литарец со 180 КС. Оваа моќност во комбинација со тежината од 1045 килограми дава примерни перформанси. Спринт до сто за 6,7 секунди, крајна брзина од 225 km/h.

Може и уште повеќе. Специјална серија од специјалната серија е Abarth 695 Rivale 175 Anniversary. Само 175 примероци ќе бидат изработени од обете каросериски изведби на „тјунираниот“ Fiat 500. Ултраограничената серија се одликува со неколку рачно изработени детали, уникати бандажи, логоа и рачно изработени предни седишта во сина и црна кожа.

На тоа следуваат и рачно гравирана плочка со посвета, издув од Akrapovic со издувни завршетоци од карбон, четириклипни сопирачки клешти Brembo, бандажи Supersport од 17 инчи и приспособливи амортизери Koni.

Цената на ова колекционерско парче не се открива. „Обичниот“ 695 чини најмалку 25.000 евра.

Abarth 695 Rivale

Abarth 695 Rivale

Abarth 695 Rivale

Abarth 695 Rivale


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

112
17 shares, 112 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743