за

Хрватскиот специјалист Rimac ќе му помага на Porsche во електричниот погон

Rimac Automobili Porsche

Porsche стана акционер во хрватскиот електро специјалист Rimac Automobili. Фирмата на Мате Римац ќе учествува во развојот на електричниот погон за германскиот гигант, кој се наоѓа пред почеток на електро-офанзивата

Најпознатата автомобилска компанија од овие простори во последниве неколку години, Rimac Automobili, именувана е според основачот, 30-годишниот Мате Римац. Во 2009 година, тој започнува да работи на сонот да произведе спортски автомобил со погон на струја. Во меѓувреме, Rimac изложува на најголемите авто-салони во светот, вклучувајќи го и женевскиот салон годинава, кадешто беше претставен новиот модел C_ Two.

Спортскиот двосед располага со 2.000 КС и постигнува 412 km/h. Досегот изнесува 650 километри, а батеријата може да се полни и на супербрз полнач со моќност од 250 киловати. По половина час на ваков полнач, Rimac C_Two е подготвен за следните 500 километри. Компанијата на Мате Римац воедно развива и произведува електромотори и батериски системи од врвна класа.

Porsche учествува со 10% во акциите на Rimac Automobili

„Со развојот на електричните суперспортски двоседи како Concept One и C_Two, како и со иновативните компоненти, Rimac ја докажа својата компетентност во електромобилноста,“ изјави Луц Мешке, главен за финансии и за ИТ-секторот во Porsche. „Ние гледаме голем потенцијал во идеите и заложбите на младото претпријатие и поради тоа целиме на тесна соработка со Rimac, во форма на партнерство во развојот.“

Во седиштето на Rimac во близина на Загреб моментно има околу 400 вработени лица. Главнината од активностите се во батериската технологија, електричниот погон и развојот на дигитален интерфејс меѓу човекот и машината. Покрај тоа, Rimac е активен и во развојот и производството на електрични велосипеди. За ова подрачје е задолжена посестринската компанија Greyp Bikes, основана во 2013 година.

„Партнерството со Porsche е важен чекор за Rimac. Нашата цел е да станеме добавувач на модули и системи за автомобилските производители во подрачјата на електрификацијата, конективноста и системите за асистенција,“ открива Мате Римац.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo S60 nova generacija

Новата генерација на Volvo S60 ќе пристига од САД

Volvo S60 fabrika sad

Volvo има големи планови со фабриката во САД