Нови модели

Серија од пет е доволна за Rezvani Beast Alpha X Blackbird

Поексклузивен од Chiron, побрз од Corvette и поштедлив од Camaro

Во Калифорнија не се произведуваат и возат само електрични автомобили, туку очигледно има поклоници и на традиционалниот погон. Доволни се само пет. Во толку примероци ќе се произведе Rezvani Beast Alpha X Blackbird.

Бизнисот со екстра мали серии не познава кризи. Последен доказ за тоа е Rezvani Beast Alpha X Blackbird, со свои 700 КС. Компанијата стартуваше во 2014 година во Оринџ Каунти, Калифорнија. Планот беше да се конструираат и произведуваат чистокрвни спортски автомобили. Не е далеку од тоа Rezvani да се нарече „американски Lotus.

Rezvani Beast Alpha X Blackbird 1

Сите модели се конструирани и дизајнирани во САД, добавувачи и партнери има низ цел свет. Последниот модел е Rezvani Beast Alpha X Blackbird, со цена од 225.000 долари или околу 180.000 евра. Името, барем едно од многуте, инспирирано е од борбениот авион Lockheed SR-71 „Blackbird“.

Кусото меѓуоскино растојание ветува голема забава при ловеќе свијоци

Со каросерија долга 4,14 метри и меѓуоскино растојание од само 2,35 метри, „црната птица“ тежи само 950 килограми. Со 2,5-литарски мотор кој е дотеран во Cosworth и доведен до 700 КС, Alpha X Blackbird спринтува до 60 милји на час за 2,9 секунди. Моторот ги испорачува своите њутнметри до секвенцијален менувач. По желба може да се добие шестстепен мануелен менувач.

Rezvani Beast Alpha X Blackbird 3

Дизајнот на карбонската каросерија носи потпис на Самир Садиков. Посебен детал се линиите во светлозелена боја на делови од каросеријата. На списокот на опции не отсуствуваат и карбонски сопирачки.

Rezvani Beast Alpha X Blackbird 2

Од Beast Alpha X Blackbird geben ќе се изработат само пет примероци. Еден веќе е испорачан на шампионот во боречки вештини и актер Рампејџ Џексон.

Mustang Bullitt и Edge ST само за американскиот пазар

Цело американско село живее во рели – во рекламата за Audi

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729