за ,

Стари резервни делови вредни над милион евра чувани во контејнер

стари резервни делови којс

На југот на Англија е откриен контејнер полн со резервни делови за ретки олдтајмери. Нивната вредност се проценува на преку еден милион евра. Скапите делови ќе бидат понудени на наддавање на крајот на јуни

Во овој „ковчег со богатство“ се наоѓаат голем број скапи резервни делови за модели од италијанските марки Ferrari, Maserati и Abarth. Станува збор за модели што се вистинска реткост и достигнуваат рекордни вредности при продажба, од типот на Ferrari 250 SWB, 250 GTO, 275, Competition Daytona, F40 и 512LM, или Maserati 250F и голем број други тркачки автомобили од легендарни италијански марки.

Најмногу зачудува тоа што повеќето резервни делови уште се наоѓаат во оригиналните дрвени сандаци од 1960-те години или во оригиналните кутии, завиткани во мрсна хартија. Крис Раутлеџ, директор на познатата аукциска куќа Којс, којашто располага со деловите, коментира: „Невидено е нешто во толкав обем и со толкава важност и реткост на автомобилите за коишто деловите се наменети. Зборуваме за делови вредни најмалку еден милион фунти, а веројатно и повеќе. Досега немам видено вакво нешто.“

Ова своевидно аладиново богатство несомнено ќе го привлече вниманието на најголемите колекционери. Откриени се жичени бандажи во оригинална дрвена кутија, карбуратори во мрсна хартија, издувни гранки, ладилници, арматурни табли, секаков вид делови. Неколку денови ќе бидат потребни само за деловите да се внесат во каталогот за наддавањето. Раутлеџ додава: „Се чувствувам како Хауард Картер по откривањето на гробницата на Тутанкамон во 1922 година. Зад секоја кутија што ќе ја подигнам се крие друга кутија што е уште поинтересна.“

Деловите биле дел од приватна колекција, чијшто сопственик починал одамна. Наддавањето ќе се одржи на 29-ти јуни, ден пред традиционалното наддавање на Којс во Бленхајм Палас.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Taycan

Тајкун, Таркан, Тајкан: Електричниот Porsche доби име

tesla model 3

Tesla Model 3 во САД се продава подобро од Audi и BMW