за

Новиот СУВ-модел на Renault поаѓа од Русија

Renault SUV Русија

Русија ќе го лансира новиот СУВ-модел на Renault наменет за светскиот пазар. Моделот позициониран меѓу актуелните Captur и Kadjar ќе се произведува во Москва. Премиерата е најавена за август, на салонот во руската престолнина

Renault најавува вистинска пресвртница на рускиот пазар на СУВ-автомобили, со новиот модел во компакт класата којшто ќе биде претставен на салонот во Москва, во август. Русија ќе биде првата земја којашто ќе го произведува новиот СУВ-модел наменет за светскиот пазар. Производството ќе се одвива во фабриката на Renault во близина на Москва. Новиот модел подоцна ќе се воведе и во уште неколку фабрики во производствениот синџир на Renault.

Како основа за компактниот СУВ веројатно ќе послужи актуелниот Kaptur, кој има сличен изглед со Renault Captur, но изработен е врз платформата на Dacia Duster и се продава и произведува во Русија, Индија и Бразил.

Французите засега објавија само една фотографија, којашто повеќе сокрива, отколку што открива, но се познава дека новиот СУВ-модел ќе го следи актуелниот динамичен стил на марката, со карактеристичните дневни светла во форма на потковица.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen we najava

Volkswagen стартува со брзо изнајмување возила в година

Volvo M услуги на мобилност

М за новата услуга за мобилност на Volvo