за

Софтвер го претвора Renault Zoe во извор за дополнителна заработка

renault zoe vulog
renault zoe vulog

За најпродаваниот електромобил во Европа е достапен софтвер кој го претвора Renault Zoe во возило што може да се изнајмува во јавни возни паркови. На тој начин, сопствениците можат да заработуваат, препуштајќи други да го користат возилото.

Софтверската компанија Vulog во иднина ќе вчитува софтвер што овозможува вклучување на електричниот Renault Zoe во јавни возни паркови (carsharing). Сопствениците на популарниот француски автомобил на батерија ќе можат да го вчитаат софтверот во сервисна работилница. До крајот на годинава се очекува најмалку 2.500 возила во северна Европа, во Јужна Америка и во Емиратите да ја добијат техниката од Vulog.

Примероци од Renault Zoe со фабрички вграден софтвер за „carsharing“, во следните неколку месеци ќе бидат вклучени во околу 25 јавни возни паркови ширум светот, кои веќе ја користат новата технологија. Меѓу нив спаѓаат Wible (заеднички проект на Kia и Repsol) во Мадрид, Free2Move (PSA) во Вухан/Кина и во Вашингтон, Mol-Limo во Будимпешта, Mevo во Велингтон/Нов Зеланд, како и GreenMobility во Копенхаген и Осло.

Car2go достигна 3,3 милиони корисници низ светот

Зошто на концерните не им е доволно само да продаваат автомобили

Будимпешта доби 240 возила BMW и Mini за изнајмување на улица

Жителите на Варшава добиваат 500 електрични возила за кусо изнајмување

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda iV Superb, Citigo-e

Skoda доби електро-подмарка iV и два модели: Хибриден Superb и Citigo на струја

Mercedes Actros prv Worth

Првиот Mercedes Actros од новата генерација излезе од фабриката во Верт