144
19 shares, 144 points

Од почетокот на производството во 2012 година, од фабриката во Флен излегоа 200.000 примероци од електричниот Renault Zoe. Од јули годинава, најпродаваниот модел со погон на струја на европскиот пазар е достапен во нова изведба со повисока моќност и поголем досег.

Електромоторот на Zoe сега испорачува 135 КС, додека досегот е зголемен на 395 километри, според реалната норма WLTP. Во меѓувреме, од моделското освежување летоска, Французите произведоа близу 20.000 примероци од електро бестселерот.

Јубилејот се одбележува со Renault Zoe со ниво на опрема Intens и со каросерија во црна боја. Возилото е нарачано од клиент во Холандија. Моментно во фабриката во две смени се произведуваат по 725 возила дневно, од работен персонал што брои 2.640 лица. Во Флен се произведува и Nissan Micra.

Renault Zoe ZE50

Кинескиот Renault на струја пристига во Европа во 2021 како Dacia


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
19 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *