за

Renault Zoe најеколошки користен автомобил според What Car

Електричните возила во меѓувреме се појавуваат и на пазарот на користени автомобили. Експертите на британскиот магазин не гледаат пречка во електричниот погон за Renault Zoe да биде добар избор на користен автомобил.

Eлектричниот Renault Zoe вторпат годинава победува на изборите на британскиот магазин What Car, овојпат како најеколошки користен автомобил на годината. На изборот во јануари, Zoe победи во истата категорија, но во конкуренција на нови модели на британскиот пазар.

Експертите за користени автомобили на What Car најмногу ги одушеви едноставното возење, практичноста и просторната кабина. Кога Renault Zoe стартуваше на пазарот во 2013 година, неговиот досег изнесуваше 210 километри, но во меѓувреме техниката напредуваше и актуелниот модел вози до 400 километри со едно полнење на батеријата.

Најдоброто е во тоа што како користен автомобил, Zoe нуди огромна противвредност. Тој навистина е електричен автомобил за народот Алекс Робинс, уредник на What Car

Renault Zoe уште во основното ниво е опремен со автоматски клима-уред и сателитска нацигација со дисплеј од 7 инчи. Според францускиот производител, реалниот досег на актуелниот модел изнесува 300 километри во лето и околу 200 километри во зима. Полнењето на брз полнач до 80 проценти трае само еден час

Со државните субвенции, електричниот Renault Zoe чини колку обичен автомобил

Купувачите имаат опција за плаќање месечна рата за користење на батеријата, со што се намалува цената при купување на возилото. Државата дополнително учествува во намалувањето на цената на возилото, преку субвенциите. Со месечна рата од 49 фунти (55 евра) за батеријата и со вклучени субвенции, Renault Zoe им е достапен на Британците за само 14.245 фунти (16.050 евра). Без ограничување на километражата, месечната рата изнесува 110 фунти. Секако дека повеќето купувачи се решаваат и за финансирање на набавката на возилото. Доколку купувачот се реши да ја купи и батеријата, во тој случај цената на Zoe изнесува 18.995 фунти, односно околу 21.400 евра.

Renault Zoe е најпродаван електричен автомобил во Европа. Само во Велика Британија се продадени над 4.500 примероци од 2013 година. Француската марка има уште три модели во понудата: Квадрициклот Twizy, доставното комбе Kangoo Van Z.E и транспортерот Master Z.E.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes emerge ii

Ете зошто во Mercedes не се случуваат дебакли

камионот на Tesla

Камионот на Tesla чини 150.000 долари: Испорака на крај на 2019