за

Renault во посилен сојуз со Nissan и Mitsubishi по откажувањето на Fiat

renault nissan fabrika tangier
renault nissan fabrika tangier

Fiat Chrysler и Renault требаше да се спојат во трет најголем производител на автомобили во светот. Но, плановите пропаднаа. На Renault му преостанува да ја зајакне јапонската врска со партнерите Nissan и Mitsubishi.

Францускиот производител Renault се најде под притисок, откако Fiat Chrysler го откажа предлогот за спојување на двете компании. Во средата се одржа годишното собрание во Париз, на коешто шефот Жан Доминик Сенард посочи дека е неизвесно што ќе донесе иднината. Според претседателот на Renault, главната задача натаму е да се зајакне постоечката соработка со јапонските производители Nissan и Mitsubishi.

Францускиот министер за финансии му препорачал на шефот на Renault да започне преговори со Fiat

Fiat Chrysler во средината на минатата недела одненадеж се откажа од предлогот за спојување со францускиот производител, наводно поради одложувањето на Renault да донесе конечно решение околу фузијата со итало-американскиот концерн. Француската држава поседува 15 проценти од акциите во Renault и има силно влијание врз компанијата. Сенард откри дека францускиот министер за стопанство и финансии Бруно Ле Мер, пред неколку месеци го советувал да започне преговори со Fiat Chrysler. Така и се случи.

Менаџерите првпат се состанаа без долгогодишниот шеф на концернот Карлос Гон. Тој беше приведен пред крајот на минатата година во Јапонија, под обвинение за берзански проневери. Гон е архитектот на сојузот со Nissan и Mitsubishi. По избувнувањето на аферата, алијансата западна во криза, која уште не е надмината.

Можен продолжеток на преговорите меѓу Renault и Fiat

Renault Koleos доби нови мотори и вози покомфорно

Fiat го откажа предлогот за спојување со Renault

Што ќе донесе мега-спојот меѓу Fiat и Renault?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Continental 3D кокпит

Инструментите во иднина ќе бидат „слика“ во три димензии

nissan e-nv200

Nissan e-NV 200 е најпродавано електрично комбе во Европа