за

Renault Twingo: Минито што е пооригинално и од Mini

Renault Twingo Fl

Со мотор назад и погон назад, Renault Twingo е најоригиналното градско мини. Тоа значи, пооригинален и од Mini, затоа што нуди суштина, место шминка. Twingo, всушност, отсекогаш бил посебен. Сега следи не толку мало освежување на францускиот модел

Twingo е големо име на автомобилската сцена. Првата генерација, барем, беше мошне оригинална, како своевидна изведба на ван во класата на градските автомобили. Пазарот реагираше одлично, се изгради култ околу моделот. Потоа следеше тотално отстапување од оригиналноста, за со актуелната генерација сé да се врати во нормала. Французите го вратија големото име во живот, со тоа што му осмислија оригинален концепт на Renault Twingo. Тоа значи, погон назад и мотор назад. Како заокружување на целината, дизајнoт e во стил на легендарниот Renault 5.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како предност од концептот со заден погон останува рекордно малиот круг на вртење од 8,6 метри, додека положбата на моторот меѓу задните тркала дозволува кабината да се продолжи понапред и на тој начин да се добие повеќе простор за патниците. На крајот, Twingo изгледа „позрело“ од своите реални 3,61 метри. Најважното, како што можевме да се увериме при тогашната регионална презентација, градското мини вози динамично и забавно.

Комплетно сменет изглед на предниот дел на Renault Twingo

Во рамките на сегашното моделско освежување, сменет е дизајнот на предниот браник, кој оддава повеќе динамика, сменета е маската, сменети се и светлата, врамени со диодни светилки за дневните светла во форма на С. Тоа го поправи впечатокот од порано, додавајќи ширина во појавата на Twingo. Слични измени се извршени и во опашот. Рачката на задното стакло, кое воедно е капак на багажникот, сега е попрактична и полесна за ракување.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Подвозјето е спуштено за 10 милиметри, што заедно со отворите за воздух во предниот браник, ја подобри аеродинамичноста. Сите моделски изведби на Twingo отсега имаат отвор за воздух во левото задно крило, кој потсеќа на тоа дека моторот е назад.

Бандажи од 16 инчи не недостигаат на списокот на опции

Две нови бои во гамата се манго-жолта и кварц-бела, покрај досегашните шест бои на избор. Новитет на списокот на опции се бандажи од 16 инчи, избор од неколку различни налепници и колор-пакет, со контрастна боја на каросериските детали.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Промените се случиле во многу поголем обем во кабината. Французите нудат избор на ускладен светол или темен ентериер во повисоките нивоа на опрема. Топ нивото доаѓа со мултимедиски систем Easy Link, со дисплеј од 7 инчи. Верно на замислата за забавно и младешко возило, во кабината на Twingo стои на располагање изобилство од можности да се стави посебен, сопствен печат.

Поврзувањето е силна страна на француското мини

Извршени се и неколку преправки во средишната конзола, првенствено заради добивање отворена преграда за одлагање. Касетата пред совозачот сега има капак во сите нивоа на опрема, а задната полица е зајакната. Исто како во сите останати модели во гамата на Renault, во градското мини е вграден Easy Connect, за лесно поврзување со мобилен телефон и користење мобилни апликации.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Понудата од мотори ја сочинуваат два бензинци, трицилиндарци, со ознаки SCe 75 и SCe 95. Третата погонска опција е менувач со двојна спојка во комбинација со посилниот мотор. Старт-стоп е стандард, исто како и помош при поаѓање на нагорнина. Еднолитарскиот бензинец во SCe 75, сосем логично располага со 75 КС, што е за 5 КС повеќе отколку кај претходникот, како и со вртежен момент од 95 њутнметри. SCe 95 има зафатнина од 0,9 литар и користи турбонатполнење, со 93 КС и примерни 135 њутнметри.

Се чека уште верзијата GT со 110 КС, во духот на легендарниот R5 GT Turbo

Според Французите, новиот SCe 75 е потивок, поагилен и полесен. Постои и верзија GT, со 110 КС, чиешто ново моделско годиште веројатно ќе биде претставено непосредно пред салонот во Женева. Twingo има и брат близнак под логото на Smart, како forfour. Двата модела се заеднички развој во стратешкото партнерство со Daimler.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Перформансите и вредностите на потрошувачката уште не се објавени. Ценовникот за претходниот модел на македонскиот пазар стартува од 9.900 евра.

Renault во Париз докажува дека електропогонот е сегашност

Renault создава острови што се независни од фосилни горива

Renault EZ-Pro е подвижен дуќан, пошта, сервис, иднина

Освежување за Renault Kadjar по половина милион продажби

Македонско Renault 4 пишува историја на пат до Азурниот Брег

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

honda urban ev zeneva

Honda го потврди електричниот автомобил за салонот во Женева

автопилот роботски автомобили одговорност

Програмерите ќе одговараат за незгодите на роботските автомобили?