Во изминатиов викенд на патеката во Кичево се возеше првата трка од Renault Twingo Cup. Девет возачи на уникатниот модел со заден погон и мотор назад, приредија возбудлива трка. Renault Sport организира настан што го привлекува вниманието на фановите на мотоспортот.
Во организација на клубот Custom Car Racing Team, викендов се одржа првата трка од Twingo Cup, кој од годинава првпат се вози и во Македонија. На патеката во Кичево стартуваа 9 автомобили Renault Twingo, кои на пу8бликата ѝ приредија мошне возбудлива трка.
Најбрзото време го постигна Мартин Делев, со 1:19,806, второто место му припадна на Томислав Трајковски со 1:19.526, додека Давид Малинковски се најде на третото место со време 1:19.401.
„Искрено ми е мило што публиката низ целата стаза беше презадоволна од сите возачи од Twingo Cup-от. Со Томас и Давид имавме интересна борба за прво место, јас максимално ја искористив приликата за да ги поминам двајцата и со добро темпо до крајот на трката завршив на првата позиција и сум презадоволен и од возилото Twingo и од самиот себе. Голема благодарност до мојот тим како и до организацијата Renault Sport која се погрижи да се помине во најдобар ред и на едно високо ниво,“ изјави победникот Марин Делев.
Следната трка се вози на 1-ви и 2-ри јуни, исто така на патеката во Кичево, согласно официјалниот календар на Автомобилистичката федерација
Возилата во купот се унифицирани и преработени се идентично од страна на словенскиот Lema Racing Team. Како основа се користи Renault Twingo 1.0 SCе со еднолитарски мотор од 1,0 литар. Тоа што прави францускиот автомобил со култно име да биде посебен, особено во услови на тркачка патека, е задниот погон и моторот назад.
Со преработка на издувната гранка е постигната за десетина проценти повисока моќност во споредба со стандардниот модел, односно 78 КС. Главната преправка сепак е во подвозјето, кадешто се користат специјални пружини од Eibach, во комбинација со посебно дотерување на геометријата на тркалата.
Во кабината е вградена заштитна рамка од Sparco според строгите безбедносни стандарди, исто како и тркачко седиште, безбедносни ремени, посебен систем за гасење пожар, волан, педали и заштитна мрежа, кои исто така се производ на познатата марка.
Пневматиците во полуслик изведба и димензија 195/50 R15 се производ на Nankang, алу-бандажите доаѓаат од Sparco. Вградени се инструменти од производителот Aim, вклучувајќи систем GPS. Каросериските додатоци за оптимирање на аеродинамичноста на каросеријата потекнуваат од Lema.
Главната награда по завршувањето на третата сезона е електричен Renault Twizy
Во купот ќе се возат 8 трки, од кои четири кружни и четири ридски, во текот на следните три години, согласно распоредот на Автомобилистичката федерација. На крајот на секоја сезона се доделуваат вредни парични награди за победниците. Главната награда на купот следи по завршетокот на третата сезона, тоа е електричен Renault Twizy.
RENAULT SPORT како организатор на TWINGO CUP викендов и официјално ја стартуваше својата прва сезона и прва кружна…
Posted by Renault Sport Macedonia on Monday, May 20, 2019
Renault Twingo Cup од годинава се вози и во Македонија
Renault Captur II пристига годинава, има и две хибридни верзии
Volkswagen и Renault водечки, Dacia и Mitsubishi со најголем раст во Европа
Новиот Renault Clio стартува од 14.100 евра на францускиот пазар