140
53 shares, 140 points

Во својата петта сезона како се одржува во европски рамки, Renault Twingo Cup пристига и во Македонија. Трките ќе се водат под Автомобилистичката Федерација на Македонија. На патеката во Серес се одржа промотивно возење во присуство на бројни медиуми.

На познатата тркачка патека во Серес, Грција, се одржа промотивно возење на тркачките возила за Twingo Cup, во организација на Renault Sport и во присуство на претставници од Lema Racing Team.

Возилата во купот се унифицирани и преработени се идентично од страна на словенскиот Lema Racing Team. Како основа се користи Renault Twingo 1.0 SCе со еднолитарски мотор од 1,0 литар. Тоа што прави францускиот автомобил со култно име да биде посебен, особено во услови на тркачка патека, е задниот погон и моторот назад.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со преработна на издувната гранка е постигната за десетина проценти повисока моќност во споредба со стандардниот модел, односно 78 КС. Главната преправка сепак е во подвозјето, кадешто се користат специјални пружини од Eibach, во комбинација со посебно дотерување на геометријата на тркалата.

Во кабината е вградена заштитна рамка од Sparco според строгите безбедносни стандарди, исто како и тркачко седиште, безбедносни ремени, посебен систем за гасење пожар, волан, педали и заштитна мрежа, кои исто така се производ на познатата марка.

Пневматиците во полуслик изведба и димензија 195/50 R15 се производ на Nankang, алу-бандажите доаѓаат од Sparco. Вградени се инструменти од производителот Aim, вклучувајќи систем GPS. Каросериските додатоци за оптимирање на аеродинамичноста на каросеријата потекнуваат од Lema.

Главната награда по завршувањето на третата сезона е електричен Renault Twizy

Во купот ќе се возат 8 трки, од кои четири кружни и четири ридски, во текот на следните три години, согласно распоредот на Автомобилистичката федерација кој ќе се објави дополнително.

На крајот на секоја сезона се доделуваат вредни парични награди за победниците. Главната награда на купот следи по завршетокот на третата сезона, тоа е електричен Renault Twizy.

Автомобилизмот во Македонија добива вистинско освежување. 🙂 Погледнете ги фотографииите од неодамнешната промоција и…

Posted by Renault Sport Macedonia on Tuesday, April 9, 2019


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
53 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *