за

Renault Twingo ќе го преземе водството од Fiat 500

Renault Twingo е развиен заедно со новиот партнер Daimler и ја дели платформата со Smart Forfour

Експертите предвидуваат дека Twingo ќе го престигне актуелниот лидер во продажбата во сегментот, Fiat 500, меѓу другото благодарение на оригиналниот заден погон и просторната кабина.

Новиот Renault Twingo настапува со оригинален концепт со мотор и погон назад, што ќе му донесе голема предност во острата конкурентска битка во класата на мини возилата. Според експертите, продажбата на моделот од третата генерација на Twingo во следната година ќе достигне преку 150.000 примероци, со што француското мини ќе ја презеде водечката позиција од актуелниот лидер во сегментот, Fiat 500, чија што продажба во 2015 година се предвидува да изнесува околу 120.000 примероци.

Концептот со мотор назад и погон на задните тркала обезбедува рационално искористување на просторот во кабината, исто како и круг на вртење што е за еден метар помал од конкурентите, како карактеристика што особено се цени при возење во град и при маневрирање. Купувачите ќе ги ценат и лесната управливост и чувството во возење коишто исто така произлегуваат од концептот со погон и мотор назад.

Со заострувањето на конкуренцијата во класата и претставувањето на новите генерации на Toyota Aygo, Citroen C1 и Peugeot 108, паралелно се зголемува и продажбата на возила во сегментот на градските автомобили. За споредба, кога првата генерација на Twingo беше претставена во 1992 година, францускиот модел постигнуваше учество од 17 проценти во продажбата во класата, во конкуренција од пет модели, додека учеството на моделот од претходната генерација во продажбата достигна 6% во конкуренција од дури 25 модели.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi со историски рекордна продажба во септември

Porsche Cayman со четирицилиндарски мотор доаѓа во 2016 година