за

Renault TreZor прогласен за најубав концепт на Вила д’Есте

Renault TreZor ја освои наградата за најубав концептен автомобил на престижниот собир на скапоцени и уникатни автомобили покрај езерото Комо во Италија. Дизајнот на концептот со електричен погон ги најавува стилот и технологијата во идните модели на Renault.

Жирито на Конкорсо дЕлеганца Вила дЕсте реши наградата за најубав концептен автомобил годинава да му ја додели на Renault TreZor. Наградата вчера му беше врачена на главниот дизајнер Лоренс ван ден Акер. Премиерно прикажан на салонот во Париз во септември, TreZor претходно беше прогласен и за концептен автомобил на годината на меѓународниот автомобилски фестивал во Париз, како и за победник во својата категорија на салонот во Женева.

Престижниот Конкорсо дЕлеганца Вила дЕсте се одржува на брегот на италијанското езеро Комо уште од 1929 година. Манифестацијата се одржува секоја година и привлекува голем број автомобилски ентузијасти и колекционери од цел свет, со цел автомобилите да се прослават како скапоцено и безвременско уметничко дело.

The opening cocktail yesterday night in the gardens of the #VillaDeste marked the official beginning of the unique #ConcorsoDEleganza weekend!

Posted by Concorso d'Eleganza Villa d'Este on Saturday, May 27, 2017

За квалифицирање во категоријата на прототипи и концептни автомобили, TreZor мораше да задоволи строги критриуми, како целосно функционален автомобил, изработен со висок квалитет и со оригинален дизајн. Спортскиот автомобил со впечатливо отворање на покривот за пристап во кабината ги прикажува стилските линии на идните модели на Renault. Електричниот погон потекнува од болидите од шампионатот во формула Е, со моќност од 350 КС и вртежен момент од 380 њутнметри.

Renault Trezor D'Este 02

Renault Trezor D'Este 04

Renault Trezor D'Este 05

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan GT-R повозбудлив од Лига на шампиони?

Audi со три електрични модели E-tron и два нови Q теренци до 2020