за

Renault Samsung има нов електричен модел за Јужна Кореја

renault samsung sm3 ze new

Јужна Кореја притиска силно на педалот на електромобилноста. Новата генерација на Renault Samsung SM3 Z.E ја користи технологијата на Французите и постигнува за 50% подолг досег. Државните служби и таксистите веќе масовно возат на струја, SM3 е најпродаван електричен автомобил во земјата.

Renault Samsung ја претстави новата генерација на SM3 Z.E. на саемот за иднината на автомобилите во Даегу. Како дел од групацијата Renault, јужнокорејската марка продолжува со обновувањето на гамата од електрични модели. Технологијата пристига од Renault, кој веќе осум години продава електрични автомобили, па не изненадува тоа што ја држи и лидерската позиција на европскиот пазар.

Додека Renault ја подготвува втората генерација на своите електрични модели, „секундарните“ марки профитираат од моделите од првата генерација

Моделот на струја SM3 Z.E. се појави на пазарот уште во 2013 година и сега ги користи подобрувањата во погонската техника што ги постигна матичната марка во групацијата. Бестселерот на јужнокорејскиот пазар на електрични возила во основа е Renault Fluence Z.E., чиешто локално производство го подржува владата. Како што Французите се подготвуваат за воведување на втората генерација на своите електрични модели, така и „споредните“ марки во групацијата ќе добиваат повредна и поатрактивна погонска техника на струја.

Јужна Кореја е светски шампион во субвенционирање на електричните автомобили

Renault Samsung SM3 Z.E. е единствена лимузинска изведба со електричен погон на јужнокорејскиот пазар. Досегот е зголемен на 213 километри, според локалните норми за хомологација, што е за 57 проценти повеќе во споредба со претходната верзија. Батеријата има иста тежина, но капацитет зголемен на 36 kWh. За споредба, европскиот бестселер Renault Zoe располага со батерија од 41 kWh, додека светскиот шампион Nissan Leaf има 40 kWh. Со просечната дневна тура од 40 километри на корејските возачи, лимузината на струја може да се вози пет дена без полнење.

Во корејските министерства се возат 1.200 примероци од Renault Samsung SM3 Z.E.

За моделот SM3 Z.E постои голем интерес меѓу приватните купувачи, но и во државните служби со големи возни паркови, како и меѓу таксистите. Во минатиот април, Министерството за здравје на Јужна Кореја набави 1.200 примероци од моделот. Покрај тоа, моделот е популарен и меѓу такси компаниите во Сеул, Даегу и на островот Џеџу.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota collection germany

Германија доби храм за обожувателите на Toyota

bmw измама со издувните гасови

BMW под истрага за измама со издувните гасови