за

Швајцарските дилери на Renault со 100 електрични Zoe за хуманитарците

renault zoe vulog
renault zoe vulog

Дилерската мрежа на Renault во Швајцарија дава на располагање 100 електрични возила Zoe за хуманитарните организации Каритас, Црвен Крст и Спитекс. Возилата ќе се користат за превоз на лица и за достава на лекарства и намирници.

Швајцарската организација на марката Renault обезбеди 100 примероци од електричниот Zoe, коишто без надомест и моментно им стојат на располагање на хуманитарците на Каритас, Црвен Крст и Спитекс. Локалните организации ќе можат преку посебна интернет страница да достават барање до мрежата на Renault и да остават податоци за контакт.

Барањето веднаш се проверува во еден од осумте центри на француската марка во земјата и возилото се става на располагање кај најблискиот дилер. Акцијата првично ќе трае до 24-ти април, но е можно и продолжување.

„Небирократското отстапување на 100 возила Renault Zoe ќе им помогне на организациите и на многубројните доброволци, да излезат во пресрет на дополнителните повици, набавките за постарите лица или за нивен безбеден транспорт. Zoe со досегот од 300 километри може со сигурност да ги исполни сите неопходни ангажмани во текот на денот, без штетна емисија“ изјави Клод Грегорини, оперативен директор на Renault во Швајцарија.

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Kia Sportage со награда за најдобар службен СУВ во Британија

Kia Sportage со награда за најдобар службен СУВ во Британија

Volkswagen со фонд од 25 мил. € за СО2-проекти на своите марки

Кризата дневно им одзема 360 мил. € на германските авто-марки