158
26 shares, 158 points

Renault започна двогодишен проект на француски остров, којшто има за цел да постигне целосна независност од енергија од фосилни горива. Струјата за електричните возила потекнува од сонцето

Жителите и посетителите на Бел Ил, француски остров покрај јужниот брег на Бретања, во следните две години ќе возат електрични автомобили што ги полнат батериите со струја добиена од сончева енергија. Станува збор за проект на групацијата Renault, а ова е веќе втор проект, по португалскиот остров Порто Санто, кадешто реализацијата започна во февруари годинава.

Во следните 24 месеци, на „убавиот остров“ ќе се создава паметен електричен екосистем, со цел да се смали локалната емисијата на СО2 и да се подобри енергетската независност на островот. Првпат се реализира ваков проект во Франција. Намерата на Renault и на партнерите во проектот е искуствата од реализацијата на екосистемот да се применат и во градовите и во нивните предградија.

Renault Bel Il ostrov energetska nezavisnost 1

Жителите и туристите на Бел Ил ен Мер од следната година ќе имаат пристап до возен парк, составен од електрични автомобили. Renault Zoe и Kangoo Z.E. ќе се изнајмуваат директно од улица. Полначи за струја веќе се поставени покрај главните туристички атракции на остовот.

Renault планира да постави стационарни акумулатори од стари батерии од електромобили, кои ќе ја акумулираат енергијата од колекторите дење

Интелигенцијата на системот е во тоа што батериите на возилата ќе се полнат од вишокот енергија што го произведуваат соларните панели на покривите. Полначот за струја ќе почне да ја полни батеријата на електричното возило секогаш кога панелите ќе произведат повеќе енергија отколку што во моментот му е потребно на објектот, на чишто покрив се поставени панелите. Пример се училиштата. Панелите обезбедуваат енергија за греењето и осветлувањето во текот на работната недела. Во викендите или за празници, оваа енергија би била неискористена. Затоа, тука стапуваат на дело електричните возила.

Renault за понатаму планира да понуди стационарни акумулатори за струја, изработени од стари батерии од електрични автомобили. Во нив ќе се акумулира енергијата што панелите ја произведуваат преку ден, за истата да се користи ноќе, на пример за греење на бунгаловите. Тоа би овозможило продолжување на туристичката сезона, којашто моментно е ограничена, поради високите трошоци за греење.

Mercedes X-Class и Renault Alaskan: Пикапите се новите теренци?

Најеколошкото гориво: Водород од сончева енергија

Како двајца визионери добија 7.000 нарачки за електро-соларниот автомобил


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
26 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743